Мурињо: Му кажав на Клоп дека подобриот тим загуби, тој не се согласи со мене

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека и со нерешен резултат ќе биде незадоволен на гостувањето кај Ливерпул според случувањата на теренот, а од поразот од 1-2 е крајно незадоволен.

„Му кажав на Јирген дека подобриот тим загуби. Тој не се согласи со мене“, изјави Мурињо, кој никогаш не победил на „Енфилд“ кога на клупата на Црвените бил Германецот Клоп, а имале шест пресметки во сите натпреварувања.

„Бевме блиску до победата, ја контролиравме играта, но ги пропуштивме шансите. И нерешено ќе беше лош резултат за нас, може да замислите како се чувствуваме по поразов. Резултатот не е фер, Ливерпул не играше како тим кој е актуелен шампион“, смета Португалецот.

Клоп за Тотенхем рече дека се „контранапад чудовиште“, а за трите бода дека се заслужени.

„Според мене, голот на Тотенхем беше од офсајд. Најдобар начин за одбрана од Тотенхем е да се има топката цело време. Пресреќен сум за Боби Фирмино, беше одличен. Разговорот со Мурињо по мечот? Ништо сериозно“, рече Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести