Откако го нема Кристијано на Ел Класико, го „нема“ ни Лео Меси

Лионел Меси 900 дена нема дадено ниту гол, ниту имал асистенција на натпревар против Реал Мадрид, а случајно или не, неговиот пост на „Ел Класико“ почна откако од Реал си замина Кристијано Роналдо. Изгледа Меси се палеше на мечевите против Реал само кога против себе го имаше Португалецот и кога во директни дуели се докажуваа кој е најдобар на светот.

Барселона за првпат после четири години загуби два лигашки натпревари по ред, двата порази им се против мадридски тимови.

За Меси ова беше можеби и последно „Ел Класико“ во Барселона, и сигурно дека овој пораз на меч на кој немаше публика, не е начин на кој ќе сака да го памети последниот домашен дуел против најголемиот ривал на Барса.

- Оглас -

Најнови вести