Откако му дадоа „црвен картон“ на Роналдо, Атлетико потпиша со аргентински репрезентативец

Имаше многу шпекулации дека Кристијано Роналдо може да се врати во Мадрид, и тоа како играч на Атлетико, но тоа беше демантирано, а фановите на Јорганџиите јасно покажаа дека не го сакаат Португалецот во својот тим.

Од шпанскиот тим потврдија дека за новата сезона го договорија Науел Молина од Удинезе. Молина е 23-годишен десен бек кој од пред една година е и дел од репрезентацијата на Аргентина.

За трансферот од Удинезе, Атлетико платил 20 милиони евра, од кои најверојатно 10 милиони ќе бидат платени веднаш, а останатите ќе бидат платени во периодот што следи.

Молина во 2020 година првпат дојде во Европа, и тоа со трансфер од Бока јуниорс во Удинезе. Во италијанскиот тим имаше две одлични сезони, па логично беше Аргентинецот да напредува. Негова следна станица е Атлетико, а договорот што го потпиша е на пет сезони.

- Оглас -

Најнови вести