Откако станав познат, девојки ми испраќаат разголени фотографии

Жоао Феликс од Бенфика, за кого се најавува дека може да прерасне во врвен фудбалер и да оди по стапките на Кристијано Роналдо, веќе е играч за кого се интересираат некои од најголемите клубови во Европа, а тоа значи и зголемен интерес кај девојките.

Се шпекулира дека Јувентус би платил дури 120 милиони евра за него, но Бенфика засега нема намера да го продаде. Жоао има 19 години и сезонава е дебитант во сениорскиот тим.

„Не се разбирам околу тие цени, трансфер-пазари и буџети. Јас само играм фудбал. Засега сум во Бенфика, а останатото е во рацете на претседателот на клубот. Повеќе би сакал да играм во Шпанија отколку во Англија. Колку вредам? Задоволен би бил и со два милиони евра“, изјави во шега момчето чии идоли се Кака, Кристијано и Нејмар.

Со растот на неговата цена, расте популарноста и кај девојките кои му праќале разголени фотографии на Инстаграм, но тој сите ги одбива.

- Оглас -

Најнови вести