Хави Гарсија диби отказ во Ватфорд и тоа е првата смена на кормилар во новата сезона во Премиерлигата. Причина е исклучително лошиот старт на екипата, која е последна со три порази и само едно реми во најсилната англиска лига.
„Хави секогаш го претставуваше нашиот клуб со гордост, достоинствено и секогаш ќе биде добредојден. Му благодариме за соработката и му псакуваме многу среќа“, изјави Скот Даксбери, првиот човек на стршлените.
Најсериозен кандидат за наследник на Гарсија е неговиот сонародник Кике Санчес Флорес, кој веќе беше менаџер на Ватфорд во сезоната 2015/16. Тогаш Кике имаше солидни резултати, дури беше прогласен за менаџер на месец декември, го одведе клубот и до полуфиналето на националниот куп, но во мај беше објавено дека си заминува.
Пред два месеци Санчес-Флорес си замина од редовите на кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа.