Oткажани две Европски првенства во фудбал поради корона-вирусот

УЕФА одлучи да ги откаже Европските првенства во фудбал до 17 години во машка и женска категорија поради корона-вирусот, кои требаше да се одржат во 2021 година.

Извршниот одбор на Европската фудбалска куќа по консултација со сите 55 членки федерации донесе ваква одлука со цел да се сочува здравјето на фудбалерите.

Моменталната ситуација со вирусот ковид-19 е нестабилна во повеќе европски земји, што претставува проблем за младите фудбалери кои патуваат со комерцијални летови.

Минатото ЕП до 17 години во машка конкуренција требаше да одржи во Естонија, меѓутоа како и новото издание се откажа кое во мај требаше да се одржи на Кипар. Кадетките исто така не го дочекаа континенталниот собир во Шведска, а нема да играат ниту следната година на Фарските Острови.

- Оглас -

Најнови вести