Откриено како Челзи го убеди Вернер да ги одбере Сините пред Ливерпул

Челзи на големо изненадување ги осигура услугите на Тимо Вернер, брзоногиот голгетер на Лајпциг за кого интерес претходно покажаа Ливерпул и Манчестер јунајтед, со тоа што Црвените беа фаворити за потписот на Германецот. Речиси сите очекуваа Вернер да биде големото засилување на тимот на Јирген Клоп за следната сезона, меѓутоа лондончани ги претекнаа и добија врвно засилување во нападот.

Како всушност на Челзи му успеа да го осигура потписот на Вернер открива британски „Телеграф“, со информација дека менаџерот Френк Лампард и техничкиот директор Петр Чех отпатувале во Германија пред да се случи глобалниот карантин поради пандемијата со корона-вирусот.

Тие двајца лично се сретнале со Вернер и неговите претставници, а Чех имал улога во преведувач бидејќи одлично го владее германскиот јазик. На асот на Црвените бикови му гарантирале важна улога во тимот и воедно му ги образложиле клупските амбиции, проект кој му се допаднал на Вернер.

Сумата на трансферот кој допрва треба да се официјализира е 60 милиони евра, а Вернер прифатил петгодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести