11.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Откриено што прво им рекол Ѓоковиќ на родителите на Јелена кога имал 17 години, а таа 18

Новак и Јелена Ѓоковиќ се запознале кога славниот српски тенисер имал 17 години, а таа 18 (Јелена е 11 месеци постара) и уште тогаш Ноле бил многу амбициозен и свесен за своите можности, па на првата средба со родителите на Јелена им рекол дека ќе биде светски првак во тенис.

Во книгата „Новак – нераскажани приказни“ има интересни детали од животот на Новак кои ги раскажуваат неговите родители, браќата, роднините, пријателите, новинарите и други соработници со кои е близок.

Семир Османагиќ раскажа анегдота од времето кога Новак се запознал со својата сопруга Јелена.

„Кога ги запознал родители на Јелена, имал 17 години и им рекол: Јас сум Новак Ѓоковиќ, иден светски шампион во тенис. Ги знаел своите потенцијали и бил уверен дека ќе ги достигне сите висини за кои мечтаел“, вели Османагиќ.

Кога се запознал со Јелена во 2005 година, Новак бил на 78-мото место на АТП-листата. Подоцна стана најуспешниот во историјата и уште е меѓу најдобрите на светот.

- Оглас -

Најнови вести