Отсечена свинска глава фрлена на терен за време на големото дерби (Видео)

Едно од најголемите дерби-мечеви во Јужна Америка е кога играат градските ривали Коринтијанс и Палмеирас. Екипата на Коринтијанс го искористи домашниот терен и победи со 2:0, што беше голем шок за Палмеирас, кој остана на 61 бод и сега во трката за титулата заостанува три бода зад лидерот Ботафого.

Покрај двата гола, по еден во двете полувремиња, дербито го одбележа и еден необичен момент. Во 28-мата минута, при резултат 0:0, дербито на Сао Пауло беше за момент прекинато откако од трибините на теренот беше фрлена свинска глава, и тоа од страната каде што беа домашните навивачи.

Се претпоставува дека свинската глава била наменета за фудбалерите на Палмеирас затоа што овој тим како погрдно име ги викаат „Свињи“.

Ова не е прв на големо дерби да биде фрлена свинска глава. Најпознатиот ваков инцидент се случи пред повеќе од 20 години, поточно во 2002 година, кога навивачите на Барселона го гаѓаа Луис Фиго, Португалецот кој направи трансфер од каталонскиот гигант во Реал Мадрид. Тој инцидент се случи на првото Ел Класико што Фиго го одигра во дресот на Реал Мадрид на „Камп ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести