Ова четири години не се случило во Серија А, викендов утнати четири пенали!

Четири нереализирани пенали го одбележуваат 22-рото коло во италијанската Серија А кое се игра викендов. Претходниот пат кога во исто коло беа утнати четири шута од белата точка, беше во 15-тото коло од сезоната 2019/2020.

Црната серија на пеналџиите почна синоќа, кога Оливие Жиру и Тео Ернандес од Милан беа трагичари на Милан против Болоња.

Денеска пенали не успеаја да ги претворат во гол, Никола Крстовиќ од Лече против Џенова и Ондреј Дуда од Верона на дуелот со Фрозиноне. Сите екипи кои утнаа пенал во ова коло, не успеаја да победат.

Колото не е завршено, па има шанса да биде поставен и негативен рекорд по број на утнати пенали во еден викенд во елитната италијанска лига.

- Оглас -

Најнови вести