Ова е најефикасен Интер во последните 90 години

Екипата на Интер сезонава во сите натпреварувања постигна 111 голови и тоа е клупски рекорд во последните 90 години. Во модерната ера на фудбалот, Нераѕурите никогаш не постигнале толку многу голови. Интер даде 81 гол во Серија А и ова им е најефикасна сезона од 1929/30 наваму.

Дека нападот на Интер е убиствен, на потешкиот начин се увери и Шахтар, кој прими пет парчиња од составот на Антонио Конте, а во чиј напад предводници се Лаутаро Мартинес и Ромелу Лукаку. Белгиецот на десет меча по ред во ЛЕ дава гол, а Аргентинецот се пофали дека одамна не играл толку добро како синоќа.

„Одамна не сум одиграл толку добро. Овие голови се добри за мојата самодверба и ќе ми помогнат да созреам. Тимот покажа дека е подготвен за големи нешта. Хандановиќ и Д‘Амборозио многу им помагаат на младите. Се надевам дека ќе го освоиме трофејот“, изјави Мартинес, кој наскоро очекува принова, ќе добие син.

- Оглас -

Најнови вести