Ова е најголема срамота во спортот, па имавме 11 бодови предност ама џабе

За прв пат по 1945 година, холандското фудбалско првенство нема да добие шампион, откако беше одлучено да не се доигра првенството. За многумина беше шокантна одлуката, една од најфудбалските земји во светот да го прекинат шампионатот.

Ајакс и Аз Алкмар се бореа за титулата во Холандија, но сега и двете екипи ќе останат без шанса да стигнат до трофејот. Од одлуката да биде прекинато натпреварувањето има клубови кои се многу разочарани, но и такви кои се среќни. Утрехт е клубот кој извиси најмногу во елитната лига, откако изгуби шанса да игра во финалето на Купот, но и нема да игра во Лигата на Европа, затоа што заврши на шестото место, а првите пет клуба добиваат настап во УЕФА натпреварувањата.

Покрај Утрехт, вториот клуб кој многу загуби со оваа одлука да се откаже првенството, секако е Камбур. Тоа е клубот кој е убедлив лидер во втората холандска лига и имаше 11 бодови пред третопласираниот Волендам, што значи дека речиси сигурно ќе обезбедеше место во елитното натпреварување, но сега со поништување на натпреварите, Камбур извиси.

„Ова е најголема срамота во спортот што некогаш се случила. Тие што ја донесоа одлуката ќе мора цел живот да живеат со тоа. Ова што се случува не е достојно за спортот. Мора ситеда ги израмните. Оваа одлука не е нормална. Тие решија да ја одберат линијата на помал отпор. Мислам дека луѓето од федерацијата паднаа на притисокот. Тука се работи за милиони. Ние вложувавме пари, бевме подготвени за промоција во елитната лига, подготвувавме и нов стадион за следната сезона. “

- Оглас -

Најнови вести