Ги осакатија незаслужено – Белгиецот Босман го смени фудбалот, сега холандскиот Утрехт е на ред

Холанѓаните го осакатија некогашниот фудбалски шампион Утрехт, кој извиси најмногу со одлуката на тамошната фудбалска федерација (КВНБ) да го прогласи шампионатот за завршен, но и сите натпреварувања без да има шампион и победник во националниот куп.

При поделбата на местата за настап во европските купови од страна на КВНБ, Утрехт не доби шанса да игра во Европа следната сезона, иако можеше по две основи да игра во Лигата на Европа.

Од Утрехт најавија жалба до судските органи во Холандија, а објавија дека ќе се жалат и во УЕФА.

До прекинот на популарната Ередивизија, Утрехт беше на шестото место, што му гарантираше на клубот доигрување за место во Лигата на Европа, но со одлуката предвреме да заврши сезоната, извисија за една позиција.

Првите пет екипи ќе играат во еврокуповите по следниот распоред. Ајакс и АЗ ќе играат во Лигата на шампионите, додека ПСВ Ајндховен, Феенорд и Вилем втори ќе играат во Лигата на Европа.

Проблем е што Утрехт има три бода помалку од петтопласираниот Вилем втори, но и меч помалку, со подобра гол-разлика, па во случај да го доигра тој меч што му фали и да победи, би бил пред главниот конкурент на табелата.

Уште поголем проблем е што Утрехт се пласираше во финалето на холандскиот куп, но и тој меч нема да се одигра, по што замина и втората шанса за евронастап на клубот кој беше првак на Холандија пред 52 години.

Во европскиот фудбал познат е случајот „Босман“ од 1995 година, што го смени текот на модерниот фудбал, па можеби сега и Утрехт на поинаков начин ќе успее да ја исправи неправдата.

Жан Марк Босман беше белгиски фудбалер кој го доби судскиот процес и стана слободен играч по истекувањето на договорот. Дотогаш без разлика на тоа што на фудбалерите им завршуваа договорите, за премин во друг клуб се плаќаше отштета, но Босман успеа да победи со одлука на Европскиот суд за правда. Потоа беше укинато правилото и по истекот на договорот фубалерите беа слободни да сменат клуб без да се плаќа отштета.

 

- Оглас -

Најнови вести