Малку повеќе од еден месец помина од стартот на новата сезона, а темпото за игра на фудбалерите веќе е жестоко. За тоа колку многу се поминува на терен, пример е дефанзивецот на Барселона и член на француската фудбалска репрезентација, Жил Кунде.
Овој 25-годишен играч веќе има одиграно над 1.000 минути сезонава, која само што започна. Кунде беше стартер на сите 10 меча кои Барселона ги одигра сезонава, осум во првенството и две во Лигата на шампионите, што носат вкупно 900 минути игра, без да се пресметаат и минутите од судиското надополнување на секој дуел.
Во септември, Кунде беше дел и од француската репрезентација, кога одигра 14 минути во поразот на дуелот против со 1:3, а потоа беше стартер и ги одигра сите 90 минути во победата над Белгија со 2:0. Со тие 104 репрезентативни минути, Кунде веќе има надминато 1.000 минути поминати на теренот, и тоа на 1 октомври.