Стартот на возбудувањата од новиот предизвик кој ви го нуди Спорт Манија, популарната Спортска прогноза е закажан за в сабота во 13 часот. Тоа е времето кога и ќе започне првиот, од вкупно 12 натпревари кои се дел од понудата. Мечот кој треба да се погоди е Блекбурн роверс – Лидс во англиската Премиершип. По тој меч, во саботните и неделните термини ќе се одиграат уште 11 средби кои се дел од понудата на Спортската прогноза, која по долго време се враќа во Македонија и тоа благодарение на Спорт Манија.
Без никакви уплати, но со шанси за освојување на вредни подароци ќе бидат сите оние кои ќе се вклучат во прогнозирањето. Освен дуелот Блекбурн роверс – Лидс, во понудата за погодување на конечниот резултат се и средбите: Челзи – Манчестер јунајтед, Штутгарт – Борусија Дортмунд, Вест Хем – Тотенхем, Шалке – Вердер, Удинезе – Наполи, Барселона – Севилја, Вардар – Шкендија, Парма – Лацио, Евертон – Кристал палас, Интер – Милан и Арсенал – Лестер. Доколку некој од овие мечеви не се доигра или се одложи, како резерви се дуелите: Стразбур – Монако и Вилјареал – Атлетико Мадрид.
Прво што треба да направите е да ја лајкнете нашата фејсбук страница https://www.facebook.com/SportManija/, а потоа со вашиот профил на „Фејсбук“ да се логирате на страницата Спортска Прогноза https://sportmanija.mk/sportska-prognoza/ за да можете да типувате.
Правила
- Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
- Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, наградата станува парична: Ќе бидат доделени ваучери од SPORT LIFE во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
- За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
- За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
- За погодени 9 натпревари – Ваучер од 200 денари.
Секој корисник има право на една прогноза. Дуплираните прогнози ќе бидат дисквалификувани.
Во конкуренција се прогнозите испратени 30 минути пред почетокот на првиот натпревар.