Ова е веќе калабалак – играчите се загреваа, им рекоа нема меч, па сега сепак ќе играат

Фудбалерите на Парма и СПАЛ се појавија на „Енио Тардини“ за да го почнат мечот од Серија А закажан за 12.30 часот, но им беше кажано дека средбата се одложува, за после извесно време преговори, сепак да ги напуштаа соблекувалните, повторно се испратени на загревање и ќе играат без публика, со почеток од 13.45 часот.

Иако има размислување за прекин на првенството, сепак одлучено е сите денешни средби да се играат, се разбира, без присуство на публика. Коронавирусот прави големи проблеми во Италија, а случката во Парма е најдобар показател дека работите се менуваат од час во час, и не се знае како сето ова ќе се заврши. Календарот се измеша, дербија се играат без публика, но здравјето е на прво место.

Денеска треба да се играат и мечевите Милан – Џенова, Сампдорија – Верона, Удинезе – Фиорентина и големото дерби Јувентус – Интер, но мора да се каже дека нивната судбина е неизвесна и дека можно е да се прифати барањето на министерот за спорт.

 

- Оглас -

Најнови вести