Ова го има само во Полска: Ниту пожарникарите со полевање со вода не ги смирија хулиганите (Видео)

Корона Киелце на свој терен со 2:1 го победи тимот на Радомиак во меч од 21 коло во полското првенство, а освен трите гола, дуелот го одбележаа и навивачите на двете екипи. Домашните фанови беа доминантни и направија „пеколна“ атмосфера, што сигурно им помогна на фудбалерите да стигнат до посакуваните три бода.

Сепак, имаше и немили настани, а тоа беше кога токму навивачите на Корона Киелце тргнаа во „фајт“ со гостинските симпатизери. Во обида да ги смеират страстите на завојуваните стани, реагираа и пожарникарите кои се обидоа со полевање со вода да ги растераат хулиганите, но тепачката продолжи.

- Оглас -

Најнови вести