Популарната игра да паднат три или повеќе голови му донесе одлична заработка на еден обложувач кој во петокот уплатил тикет во уплатно место на Sport Life во Охрид, и тоа со 14 фудбалски мечеви кои се играа вчера (во недела) и на сите типувал дека ќе има 3+ голови.
Уплатата на тикетот е 100 денари, а бруто-добивката е над 202 илјади денари, погодената вкупа квота за 14-те прогнози е над 2.000.
На тикетот има мечеви и од топ 5 лигите во Европа, но и од пониски лиги, а последни за чекање му беа два дуела (Марсеј – ПСЖ и Гранада – Леванте), каде што прилично рано паднаа по три гола и обложувачот заслужи ваква огромна добивка.