Легендата на снукерот, Рони О`Саливен, на чудесен начин се пласираше во финале на Светското првенство, откако со 17-16 го доби Марк Селби, иако губеше со 14-16 во фрејмови. Рони губеше и со 9-13, но ризикуваше, не се предаде и успеа да направи пресврт против трикратниот светски првак.
Ракетата нема играно финале на СП уште од 2014 година кога загуби токму од Селби. Годинава во финалето во Шефилд, петкратниот првак О`Саливен ќе игра против Кајрен Вилсон, кој во кариерата нема ниту една светска титула. Денешниот ден беше уживање за љубителите на снукерот, бидејќи двете полуфиналиња беа одлучени во мајсторка.