Ал Наср стигна до убедлива победа од 4:0 против Ал Васл од Обединетите Арапски Емирати, во меч од седмото коло од групната фаза во азиската Лига на шампиони. Без дилеми, јасно е дека Кристијано Роналдо е предводникот на Ал-Наср до убедливиот триумф.
Првиот гол на Роналдо беше од пенал во 44 минута за водство од 2:0, а потоа погоди на атрактивен начин со глава во 78 минута за предност од 3:0. Токму тој гол постигнат со глава беше јубилеен 50-ти за Роналдо постигнат на 39 години и може да го видите ТУКА.
Главната цел на Роналдо до крајот на кариерата му е да се обиде да стигне до 1.000 погодоци, а за тоа му фалат помалку од 80 погодоци. На 5 февруари Роналдо ќе наполи 40 години.