Ова може да е гол на сезоната во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити е апсолутен фаворит против Кристал Палас, но резултатот по првото полувреме покажува нешто друго. „Граѓаните“ поведоа со 1:0 со голот на Гундоган, но гостите потоа за само две минути направија целосен пресврт. Најпрво Шлуп израмни на 1:1, а потоа Андрос Таусенд со спектакуларен гол погоди за 2:1.

Погодокот на Таусенд дефинитивно ќе биде во конкуренција за најдобар на крајот од сезоната во Премиер лигата. Остануваат уште 45 минути во кои Кристал Палас ќе се обиде да издржи на теренот на шампионот и да направи едно големо изненадување.

https://twitter.com/VincFerrer/status/1076502660663181314

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести