Ова не е фер, поради гол од пенал во 94-тата минута „му избегаа“ над 500.000 денари

Изминатиов викед имаше многу возбудувања во европскиот фудбал, а постигнатите резултати донесоа многу добивки, но и разочарувања. Еден од најголемите „малер“-тикети беше уплатен вчера во Скопје, кога обложувач одигра на седум натпревари, а секунди го делеа од добивка од над 500.000 денари.

Интересно е дека на тикетот има три меча од македонскиот фудбал. Погодена е победата на Вардар против Брегалница Штип, како и два „икса“. Шкендија водеше со 2:0 против Гостивар, но гостите со два гола во финишот на средбата стигнаа до 2:2. Во втората лига, Караорман и Охрид Лихнидос одиграа без голови.

Погодени се уште три нерешени дуели. Челзи и Ливерул одиграа без голови по 90 минути игра, ПСЖ со гол од пенал во 90+7 минута стигна до нерешено против Рен (1:1), а Милан и Аталанта одиграа 1:1.

Единствениот кикс поради кој тикетот не е добитен е дербито во Хрватска меѓу Динамо Загреб и Риека. И тука требаше да биде нерешено, но Динамо даде гол од пенал во 90+4 минута и победи со 1:0.

Едноставно, среќата не сакаше да биде комплетна за овој обложувач затоа што со голови во судиското надополнување ги погодуваше „иксовите“ на Шкендија – Гостивар и на ПСЖ – Рен, но еден таков гол во 90+ минута му ја скрати радоста за точно 509.062 денари.

- Оглас -

Најнови вести