Ова не личи на Мурињо: Судијата заслужено ме исклучи, му се извинив за тоа што го реков

Рома продолжува со разочарувачките резултати откако на свој терен едвај одигра 1:1 против Торино во Серија А. Римската волчица се спаси од пораз благодарение на голот на Немања Матиќ постигнат во 90+5 минута.

Неколку минути претходно, односно во 89-тата минута, Мурињо заработи црвен картон, а Белоти промаши пенал во 90+2 минута за Рома. По мечот, Мурињо му се извини на судијата, кој го исклучи.

„Тоа беше правилна одлука на судијата. Моите зборови упатени кон него се за црвен картон. По мечот зборував со судијата и му се извинив, а сега не сакам да зборувам за неговото судење. Бев доволно скромен за да се извинам, но неговото судење и хипотетичкото влијание на мечот ви го оставам вам. Моите зборови беа за црвен картон, но нема да зборувам за тоа како судеше арбитерот“, рече Мурињо.

По 15 одиграни кола, Рома досега освои 27 бодови и моментно е на седмото место на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести