Миши Батшуаји ќе игра за Бешикташ во новата сезона, дојде како позајмен играч од Челзи во редовите на турскиот првак, а официјалната презентација е со уникатен видеоспот.
Репрезентативецот на Белгија е претставен како Бетмен во видеоматеријалот што го објавија од таборот на „црно-белите“ од Истанбул.
Beşiktaş just announced Michy Batshuayi with an homage to Batman: Dark Knight Rises, and it is way too funny for anyone to miss. Must watch. from soccer
За Батшуаји ова е четврта позајмица по ред, откако стана член на Челзи во 2016 година и одигра 48 натпревари за клубот од Лондон. Потоа играше за Борусија Дортмунд, за Валенсија, за Кристал палас две сезони и сега за Бешикташ.
Интересно е што 27-годишниот фудбалер го продолжи договорот со Челзи до 2023 година и веднаш замина на нова позајмица во Бешикташ.