Ова ретко се гледа: Го „легна“ голманот на земја, па потоа со топка влезе во мрежата (Видео)

Екипата на Тобол со 2:0 победи на свој терен против Атирау во меч од фудбалско првенство на Казахстан, а потегот кој ќе се памти се случи во последната минута од средбата.

Тобол водеше со 1:0 и постојано напаѓаше, а потврда за триумфот стигна во финишот, кога српскиот интернационалец Зоран Тошиќ даде необичен гол. Тошиќ доби една топка во опасниот простор, со финта успеа да го „легне“ противничкиот голман на земја, а потоа непречен од никого, буквално да влезе со топката во голот.

Тој потег може да го видите на 4:30 минути од видеото.

 

 

- Оглас -

Најнови вести