Ливерпул и Атлетик Билбао се договорија вечерва на „Енфилд“ да одиграат не еден, туку два пријателски натпревари.
Првиот почнува во 18, а другиот во 21 часот по македонско време. Идејата на клубовите е да им се даде шанса да играат на сите фудбалери кои се во составите.
Необично е и тоа што нема да може да се гледа само вториот меч. На вториот дуел ќе може да присуствува само публиката која ќе биде на трибини и на првиот, па така тие што планираат да се најдат на „Енфилд“, ќе треба да останат многу долго, од 18 до кај 23 часот.