21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Овните треба да го прегазат Чарлтон, јадранскиот првак гостува во „Морача“

Дерби каунти – Чарлтон (20:45ч, 25-то коло од Шампионат лига)

Овните се непрепознатливи откако ги напушти Френк Лампард. Со Филип Коку речиси ништо не им оди од рака, па од претенденти за влез во елитата, за помалку од половина година станаа екипа која се бори за опстанок. Во ова 25-то коло Дерби влегува со шест бода предност во однос на тимовите кои се наоѓаат во црвената зона, а кризата е продолжена на седум меча без триумф, од кои четири се порази.

Ниту Чарлтон не е во подобра форма, пред четири дена го оствари првиот триумф по два и пол месеци пост. Традицијата вели дека Дерби вечерва ќе слави бидејќи последен пат од Чартлон загуби во 1999 година, на домашен терен. Иако првата овосезонска пресметка му припадна на Чарлтон со 3-0, време е за реванш кој најверојатно ќе биде со иста мера.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.38)

 

Хапоел Хаифа – Беитар Ерусалим (19:15ч, 16-то коло од израелската Прва лига)

Во април 2018 година тимот на Беитар последен пат славеше против Хапоел од Хаифа, а во последните пет меѓусебни пресметки само еднаш се издвоил победник (0-2 победи Хаифа на гости). Ако реми со по еден или повеќе голови на двете страни е најчест исход во дуелите на овие две екипи, не би требало да биде поразлично и сега.

Ерусалим е непоразен во последните пет кола, а добрата форма им обезбеди висока позиција пред почетокот на 2020 година. Екипата на Хаифа загуби три од последните пет меча и во неколку наврати не се покажале како тим кој знае да го одбрани сопствениот дом.

Предлог тип: 1X & ГГ (3.30)

 

ТНС – Друидс (20:45ч, 20-то коло од велшката Премиер лига)

Лидерот може да го отвори колото со триумф и ја задржи челната позиција во Велс пред почетокот на Новата година. ТНС беше во одлична форма до пред две кола, кога загуби од Кардиф со 1-2 на домашен терен, но вечерва е апсолутен фаворит и треба да се очекува сигурна победа.

ТНС е непоразен во 16 последователни лигашки пресметки против Друидс, а ремизирале само во два наврати. Овој учинок гарантира позитивен резултат за домаќините вечерва, а може да се очекува рафален настап на ТНС бидејќи во последниот меч кој се одигра пред нивни навивачи славеа со високи 7-0.

Предлог тип: 1 двојна (1.97)

 

Будуќност – Црвена ѕвезда (18ч, 13-то коло од АБА-лига)

Дербито во „Морача“ се игра меѓу двата последните јадрански шампиони, или актуелниот првак гостува кај вицешампионот. Во пресрет на овој меч Ѕвезда е во непрепознатлива форма. Навикнати сме да го гледаме при врвот на табелата во оваа фаза од натпреварувањето, но белградскиот гигант моментално заостанува два бода за топ 4 местата, односно четири вода зад водечкиот Партизан.

Будуќност за нијанса е подобар бидејќи има две победи повеќе, но два од вкупно три порази Црногорците ги претрпеа во последните две кола на гостувањата кај ФМП, односно Задар.

Ѕвезда ги загуби последните две гостувања во Подгорица кои беа во рамките од финалната серија во ланската сезона, а треба да се знае дека Будуќност оваа сезона славеше среде Белград со 89:81, така што целта е да се оствари двоен триумф против шампионот.

Предлог тип: <158,5 (1.92)

 

Мега бемакс – ФМП (21ч, 13-то коло од АБА-лига)

Младите сили на Мега полека се помируваат со фактот дека ќе бидат елиминирани од јадранската елита, иако до крајот на регуларниот дел има уште 10 меча за играње. Само две победи по 12 кола е доста слаб учинок, а 10 порази имаат и Задар и Игокеа. Меѓутоа, дуелите на Мега и ФМП во АБА-лигата често се возбудливи од неутрална страна.

Во меѓународни рамки, и во српското првенство, Мега досега успешно го бранеше домашниот терен, а од ФМП последен пат загуби во 2016 година. Со евентуално изненадување, ФМП може да го преземе четвртото место од Приморска.

Предлог тип: T1 & T2 >77,5 (1.77)

 

- Оглас -

Најнови вести