Оже-Алијасим го прегази Шелтон и закажа дуел со Алкараз на Ролан Гарос

Феликс Оже-Алијасим го одигра можеби својот најдобар меч во сезоната, победувајќи го Бен Шелтон во три сета со 6:4, 6:2, 6:1 за да закаже дуел против Карлос Алкараз во осминафиналето на Ролан Гарос.

Откако американско-канадската битка во петокот вечерта беше прекината и одложена поради дожд, Оже-Алијасим отвори со водство од 5:4 во првиот сет и беше поубедлив на теренот.

23-годишниот Канаѓанец направи 28 „винери“, а неговиот противник не беше во најдобар момент и направи 36 неизнудени грешки.

Оже-Алијасим победи за само 1 час и 52 минути и закажа осминфафинална пресметка со Карлос Алкараз, против кого има скор од 3-2, иако Шпанецот ги доби последните два меча.

Канаѓанецот обезбеди пласман во осминафинале во Париз вторпат во кариерата, по 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести