Ова се гледа еднаш во животот – Му здосади анархијата на терен и даде спектакуларен гол со лизгачки старт од пола терен (Видео)

Дион Чарлс го постигна најлудиот гол досега во 2022 година и може комотно да конкурира за најубав погодок и за наградата „Пушкаш“.

Чарлс постигна два гола за Болтон во победата од 4:2 против Флитвуд во Лига 1 во Англија, а вториот за предност од 3:2 му беше спектакуларен и ретко се гледана фудбалските терени.

По кусата анархија на терен во 86. минута, Чарлс се обиде со лизгачки старт да одземе топка и ја удри толку силно што таа заврши во мрежата на гостите со удар од над 40 метри.

Невиден гол со лизгачки старт каков што веројатно немало во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести