Падна договор: Рекордерот на Сити се сели кај Меси

Серхио Агуеро кариерата речиси сигурно ќе ја продолжи во Барселона. Наводно, рекордерот на Манчестер сити по бројот на погодоци е блиску до потпис на двегодишен договор со Каталонците, со оглед на тоа дека ги поминува последните месеци на „Етихад“.

Агуеро на „Камп ноу“ треба да пристигне како слободен играч и да игра покрај сонародникот и репрезентативен колега Лионел Меси. Ангажманот на Агуеро дефинитивно е дел од стратегијата на Лапорта да го задржи капитенот и по крајот на оваа сезона, а воедно да се добие на квалитет во нападот откако минатото лето Луис Суарес си замина.

Агуеро не е единствен играч од редовите на Сити кој бесплатно се сели во Барселона. Од претходно е потврдено дека младиот шпански стопер Ерик Гарсија ќе ја задолжи опремата на Каталонците, кои воедно се блиску да го обезбедат потписот на Џини Вајналдум од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести