Падна европскиот првак, Словенија ја победи Русија за полуфинале на ЕП

Словенија приреди изненадување во четврт-финалето на Европското првенство во одбојка и со победа од 3:1 против Русија се проби до полуфиналето и битката за медали.

Словенците носени на крилјата на публиката во „Стожице“ поведоа со 2:0 во сетови против актуелниот шампион и најавија пласман во полуфиналето. Русите се подразбудија и намалија на 1:2, но потоа комплетно потонаа и го загубија решавачкиот сет со 21:25 за големо славење во Љубљана и пласман во полуфиналето.

Ова беше и реванш на Словенците за поразот во фазата по групи од Русија со 0:3.

- Оглас -

Најнови вести