Падна и Брест, ново финале за Вардар во СЕХА-лигата

Вардар го преброде тешкиот полуфиналет тест против домаќинот Мешков Брест и ќе го игра седмото финале во СЕХА-лигата. Македонскиот првак и актуелен шампион во Регионалната лига славеше со 25:23 и против стариот познаник Загреб ќе игра за рекордната петта титула.

Брест подобро го почна мечот, поведе со 5:3, но тогаш тргна „црвено-црната“ фурија, па Вардар по 30 минути игра, замна на одмор со предност од 14:10.

Белорусите не се предаваа, па во вториот дел тие направија пресврт и поведоа со 19:18, надевајќи се на второ финале. Но, Вардар покажа шампионски карактер, се врати во игра и ги растажи домаќините и нивната публика.

Извонредно бранеше Дејан Милосављев со 15 одбрани, а Стојанче Стоилов со 7 гола од 7 обиди го предводеше вардаровиот напад. Даинис Кристопанс постигна 5 голови, а одлични беа и Карачиќ и Чупиќ со по три гола.

Претходно, во првото полуфинале Загреб го победи Нексе со 28:23 и ќе му биде противник на Вардар во финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести