Дома Blog Страница 103

Левандовски сака нов предизвик, од Барса сели во Милан?

Роберт Левандовски кој е пред разделба со Барселона, нема ништо против кариерата да ја продолжи во Милан, објави „Газета дело спорт“.

Ова не е прв пат Полјакот да се поврзува со Милан, клуб кој сака нов напаѓач. Никлас Филкруг ќе се врати во Вест Хем на крајот од позајмицата, а тренерот Макс Алегри секако би бил среќен ако го добие Левандовски и тоа како слободен играч без клубот да плати отштета. По истото сценарио Росонерите го привлекоа и Лука Модриќ.

Ветераните од Хрватска и Полска беа ривали во шпанската лига, а сега би можеле да заиграат заедно како тандем.

Левандовски има договор до 30 јуни, има богати понуди од САД и Саудиска Арабија, но негов приоритет е да остане во Европа. Тој пристигна во Барселона во летото 2022 година од Баерн Минхен за 45 милиони евра, и ја оправда довербата, на 186 натпревари за Барса, постигна 118 гола и регистрираше 23 асистенции.

Платата му е висока, но Росонерите ќе ги направат своите пресметки дали ќе може да си го дозволат, и од тоа најмногу ќе зависи трансферот на Леви.

Левандовски сака да остане во Барселона, но веројатно ќе треба да си оди летово. Инаку 37-годишниот Полјак оваа сезона има постигнато повеќе голови од Леао и Пулишиќ кои се најдобрите стрелци на Милан.

Освен Милан, од Серија А тимовите и Јувентус е заинтересиран за голгетерот.

Sport Life со празнично работно време, а исплата ќе има секој ден

Обложувалниците Sport Life за време на велигденските празници ќе имаат скратено работно време.

Утре, сабота, објектите ќе работат од 9 до 21 часот. Потоа в недела на Велигден, работното време ќе биде од 11 до 21. В сабота и недела нема да работи ноќна смена.

В понеделник на 13-ти април, ќе се работи од 11 часот, до крај на регуларното работното време во објектот.

Исплата ќе се врши секој ден.

Прогнозерите веруваат во дерби победи на Сити и Дортмунд, а најмногу доверба имаат во Каљари

Остана уште еден ден до затворањето на терминот за типување за 26-тото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Може да се вклучите или да менувате прогнози најдоцна до утре во 15 чпасот кога почнува мечот Каљари – Кремонезе кој е прв од основната понуда.

А, токму кај овој пар прогнозерите се најсигурни во победа на домашните, дури 84,4 отсто од играчите досега типувале единица, а само 4 отсто мислат дека ќе победи тимот од Кремона.

Дербијата се играат во Лондон и Дортмунд, а прогнозерите си имаат фаворити. Големи 64,1 отсто мислат дека Манчестер сити ќе слави на гости против Челзи, а 76,3 проценти типуваат дека Борусија Дортмунд ќе го совлада Баер Леверкузен.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

 

Робертсон: „Другите нека одлучат дали сум легенда на Ливерпул или не“

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендру Робертсон, го коментираше своето заминување од клубот на крајот од сезоната.

Вчера 32-годишникот објави дека ќе го напушти клубот ова лето по истекот на неговиот договор. Робертсон играше за Ливерпул од 2017 година.

„Најтешкото нешто во изминатите недели и месеци беше што дури и луѓето што ми беа најблиски на тренинг-теренот не знаеја, колку повеќе се приближуваше овој момент, толку повеќе прашања се појавуваа. Сега кога сè е објавено, можам целосно да се фокусирам на тимот до крајот на сезоната. Да се ​​напушти клуб како Ливерпул никогаш не е лесно. Тоа е огромен дел од мојот живот и животот на моето семејство во последните девет години. Имав можности да заминам порано, но одбив бидејќи напуштањето на овој клуб е неверојатно тешко. И не би променил ништо. Фудбалот продолжува понатаму, тимовите се менуваат и чувствувам дека сега е време и јас да продолжам понатаму. Тука созреав како личност, овој клуб и неговите навивачи секогаш ќе ми значат многу. Нека другите одлучат дали сум легенда или не – јас самиот никогаш не би рекол така. Мораме да ја завршиме сезоната што е можно подобро. Не помина онака како што сакавме, но мора да се обидеме да ја завршиме достоинствено. На крајот на сезоната, можеби ќе ме видите како плачам пред камерата“, рече Робертсон.

 

 

Последно збогум: Луческу го започна своето патување кон вечноста

Денеска во Букурешт е тажно и тивко, Романија се простува од својот најголем тренер и еден од најтрофејните во историјата на фудбалот (повеќе трофеи од него имаат само Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола), Мирчеа Луческу. Тој шест децении му посвети на фудбалот, и затоа беше многу ценет во целиот свет.

Погребната поворка на „Ил Луче“ отпатува од црквата „Света Елефтерија“ до гробиштата Белу. Ковчегот со телото на Луческу кој вчера беше изложен на националната арена во Букурешт, и денеска за време на црквената служба и комеморацијата беше обвиен со романското знаме.

Луческу почина на 7-ми април, на 80-годишна возраст. Тој на 26-ти март ја водеше Романија на баражот за СП против Турција, три дена подоцна му се влоши состојбата, имаше срцеви удари и заврши во болница каде и почина.

Официјално потврдено: Македонија против Босна и Херцеговина на 29-ти мај во Сараево

Фудбалската А репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29-ти мај 2026 година, официјално потврдија фудбалските федерации на Македонија и БиХ.

Дуелот ќе се одигра во Сараево, на најголемиот нивен стадион, „Асим Ферхатовиќ Хасе”, некогашно Кошево. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што му дава дополнителна тежина и квалитет на овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин.

Голманот на Бодо/Глимт беше Русин, Израелец и Британец, сега стана Норвежанец

Голманот на Бодо/Глимт, Никита Хајкин, стана норвешки државјанин. Овој 30-годишен голман имаше руско, израелско и британско државјанство. За да игра за норвешката репрезентација на Светското првенство летово, Хајкин мора да добие дозвола од ФИФА. Норвешката фудбалска федерација ги обработува потребните документи.

Хајкин има и руско, израелско и британско државјанство. Тој игра за Бодо од 2019 година и со тимот стана четирикратен шампион на Норвешка.

Родителите на Хајкин се Руси, а тој е роден во Израел, но се вратија во Русија кога имал две години. Во минатото има настапувано за младинските селекции на Русија. На 14 години се приклучил на фудбалската академија на Челзи и останал во Англија четири години, добивајќи британско државјанство. 

Легендата на Ливерпул состави хуманитарен тикет, типува дури и на точни резултати во Премиер лигата

Англиската фудбалска легенда Џон Барнс претходниот викенд престојуваше во Македонија. Човекот кој има преку 400 настапи за Ливерпул и постигнато дури 106 погодоци беше гостин во Битола во организација на навивачите на англискиот гигант во Македонија. Спортската обложувалница Sport Life како општествено одговорна компанија која секогаш е тука да го помага и да го промовира спортот, беше еден од покровителите за доаѓањето на Барнс, кој има одиграно и 79 меча за Англија, а постигнато 10 погодоци за Гордиот Албион.

Барнс имаше тридневна дружба заедно со неколку стотина фанови на Ливерпул, а кулминацијата беше заедничкото гледање на четвртфиналната пресметка во ФА Купот против Манчестер сити. За жал на фановите на Црвените, нивниот омилен тим загуби убедливо со 4:0 и беше елиминиран. Поразот беше разочарувачки, но сепак останува за паметење одличната дружба на Барнс со фановите кои освен од Македонија, дојдоа и од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија…

Англиската фудбалска легенда беше презадоволна од гостопримството кое го доби во Битола и едноставно уживаше во прекрасната организација на овој настан.

„Не сум изненаден што во Македонија има толку многу навивачи на Ливерпул. Сум бил насекаде во светот, во Кина, Индија, Малезија, Уганда, Руанда и секаде има многу навивачи на Ливерпул. Македонија е на само 2-3 часа авионски лет од Ливерпул. Тука доаѓам прв пат, но познат ми е овој регион затоа што од времето кога играв, гостувавме во Белград против тогашна Југославија, кога победивме 4:1, а јас дадов гол“, се присети Барнс, без никаков проблем прифати да биде и дел од нашата стандардна рубрика „Хуманитерен тикет“.

БАРНС ГО ПОЗНАВА ДАРКО ПАНЧЕВ И ЗНАЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА ЈА СЛУШНАТ ДОДАВКАТА СЕВЕРНА 

Барнс кој во кариерата постигна преку 200 погодоци иако не играше како класичен напаѓач, имаше познавање и за Македонија. „Од моето време го познавам Дарко Панчев кој е Македонец. Исто така знам дека ова е Македонија, а не Северна, туку само Македонија“, рече Англичанецот што наиде на задоволство кај фановите кои дојдоа да го поздрават во Битола.

Човекот кој дури 10 години беше дел од англискиот гигант, а беше презадоволен од гостопримството во Битола, објасни што всушност значи Ливерпул.

„Ливерпул не е само клуб, тоа е едно големо семејство кое го сочинуваат играчите, луѓето од клубот, навивачите… Тоа е идентитетот на клубот. Нема супер ѕвезди во Ливерпул. Никогаш ниту еден играч не бил поголем од клубот. Дури и оние кои биле најголеми ѕвезди секогаш биле подредени да работат за доброто на екипата. Инаку, може да се случи еден играч да постигне три гола, но тимот да загуби со 4:3, што значи дека работата не е добро завршена. Затоа, во Ливерпул тоа е филозофијата, дека сите сме едно големо семејство“, објаснува Барнс. Тој додаде дека во последните неколку години, таква филозофија дека сите треба да бидат подредени да работат за доброто на клубот го направиле и Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Микел Артета во Арсенал.

ДАВА ПОДДРШКА НА СЛОТ, ОТКРИ И КОЈ Е НАЈДОБРИОТ НАПАЃАЧ СПОРЕД НЕГО ВО ЛИВЕРПУЛ

За тие 10 години додека играше за Ливерпул, Барнс освои две титули во првенството, два трофеи во ФА Купот, еден во Лига купот и три трофеи во Комјунити шилд. Играше со многу познати фудбалери, а според него, најдобар напаѓач е Иан Раш.

„Има разлика за тоа кој е најдобар финишер, а кој е најдобар напаѓач. Еден од најдобрите финишери е Роби Фаулер. Одличен напаѓач е и Мо Салах, но тој има неколку шанси за да реализира што значи дека не е најдобар финишер. Свој белег во Ливерпул остави тројката Салах-Мане-Фирмино. Сепак, ако треба да го одберам најдобриот напаѓач што го имал Ливерпул, тоа е Иан Раш“, открива Барнс, додавајќи дека фудбалот од неговото време и сега е многу променет.

Иако Ливерпул сезонава е во криза и има серија лоши резултати и многу големи шанси да ја заврши сезоната без освоен трофеј, Барнс смета дека треба да се верува во сегашниот тренер Арне Слот. За мислењето на Барнс за Слот може да прочитате ТУКА.
Барнс беше многу љубезен и пријателски настроен кон сите навивачи и трпеливо со сите се фотографираше и делеше автограми. Интересно е дека тој реши од понудените мечеви во Премиер лигата кои ќе се играат од денеска до понеделник да одигра не само на „фиксови“, туку и да погодува на точни резултати.
Дел од навивачите внимателно го следеа типувањето на Барнс и реагираа на еден негов тип, а тоа е дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лидс. Легендата на Ливерпул одигра на победа за Манчестер јунајтед со 2:0, а дел од фановите реагираа, како може да игра на триумф на најголемиот ривал на Ливерпул.
„Дали сте сигурен за Јунајтед?“, еден навивач го запраша Барнс, но легендата на Ливерпул имаше подготвено одговор. „Не сум сигурен за ниедна прогноза. Тоа е само можно како би завршиле дуелите. Јас единствено сум сигурен за тоа што го знам и во тоа што верувам“, рече Барнс, чиј тикет носи вкупен коефициент од 164, а доколку има некој што сака одигра на точни резултати, добивката сигурно би била во неколку милиони денари.

Реални комбинации и квоти до 30.00 во Бет билдерот на Sport Life (Фото)

Пет меча од топ-5 лигите се само загревање за она што нѐ очекува претстојниот викенд. Вкупно 10 опции за најинтересните пет натпревари од вечерва имаат набилдани квоти и до 30.00 во Бет билдер понудата на Sport Life.

Париз и Монако во француската Лига 1 имаат две опции со идентични квоти од по 20.00, а двете опции за Аугсбург и Хофенхајм се со квоти од по 25.00.

Најголемите квоти се за мечот на Рома и Пиза во Серија А. Двете опции имаат квоти од по фантастични 30.00.

Вест хем и Вулверхемптон имаат квоти од по 15.00, додека Реал Мадрид и Жирона се со квоти од 10.00 и 20.00.

Нејмар нема да се пензионира во Сантос, ќе прави трансфер во МЛС лигата?!

По неуспешната авантура во Саудиска Арабија се чинеше дека Нејмар ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб, Сантос, но најверојатно тоа нема да се случи. Најавите од Бразил се дека ѕвездата има конфликт со претседателот на клубот, па веќе преговара за трансфер во МЛС лигата, кој може да се случи веќе летово.

Договорот на Нејмар со Сантос е со важност до крајот на оваа календарска година, а интерес за него има од екипата на Синсинати, па нема да биде изненадување доколку летово Бразилецот се пресели во САД.

Прашање кое се поставува во моментов е дали Сантос е подготвен да му го раскине договорот или ќе бараат обесштетување, но јасно е дека Американците немаат намера да платат за да го ангажираат, туку сакаат да го доведат бесплатно.

Нејмар по враќањето во Сантос одигра 34 натпревари, на кои постигна 14 гола, но и во татковината го мачеа повредите кои превреме ја завршија неговата авантура во Саудиска Арабија. Како член на Ал-Хилал настапи на само седум натпревари и постигна еден гол.