Дома Blog Страница 10560

Во следниот циклус, само БиХ ќе ја претставува поранешна Југославија во Лига А

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе биде единствениот претставник на поранешна Југославија во следниот циклус од елитната Лига А од Лигата на нациите на УЕФА. Тимот на селекторот Роберт Просинечки успеа од Лига Б да напредува во Лига А, а од првата во втората испаднаа Хрватите, па така БиХ ќе ја брани честа на поранешните југословенски републики.

Во наредното издание на Лигата на нациите, во Лига А покрај БиХ, ќе бидат и: Франција, Холандија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Италија, Англија, Шпанија, Украина, Данска и уште еден тим, Русија или Шведска.

Светскиот вицепрвак, Хрватска, по поразот од Англија, се најде во второлигашкото друштво, а во Лига Б најверојатно ќе се најде и Србија, која би требало да оди еден ранг погоре.

Црна Гора најверојатно останува во Лига А, а таму ќе ѝ се придружат Македонија и можеби Косово. Од друга страна, Словенија испадна во Лига Д.

Канте ќе биде најскапоплатен играч на Челзи

Францускиот репрезентативец Н’голо Канте на феноменален начин може да ја заврши сезоната. Откако летоска со репрезентацијата стана светски првак, сега Канте е пред продолжување на договорот со Челзи. Се очекува тој да стане најскапоплатен играч во историјата на клубот.

Канте ја контролира играта во средниот ред на Челзи. Тој е неуморен работник и, секако, еден од главните играчи на теренот.Токму затоа во Челзи се подготвени да му платат 290.000 фунти неделна плата и на тој начин да биде најскапоплатен фудбалер во клубот.

За Канте веќе подолго време се интересираат Реал Мадрид и Барселона, но по ваква понуда од Челзи, многу веројатно е дека тој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

Реџепи замина за Приштина – Ќе се снима Косово

Џенгис Реџепи ќе го следи мечот меѓу Косово и Азербејџан во Приштина со цел да се скенира играта и квалитетот на домаќинот, селекција која е можен ривал на Македонија во полуфиналниот меч во март 2020 година во Сегментот Д од Лигата на нациите.

Иако е рано за полуфинале, од нашиот стручен штаб не препуштаат ништо на случајност бидејќи со голема веројатност токму Косово ќе ни биде претпоследната пречка на патот кон исполнување на историската мисија и пласман на Европското првенство во 2020 година.

Реџепи е млад и мошне талентиран тренер, работи како помошник-тренер во турскиот прволигаш Сиваспор, а му помага и на Ангеловски во работота со нашата национална селекција.

Косово вечерва го игра последниот меч во третата група и ако го победи Азербејџан, ќе ни биде противник во полуфиналето, што би се играло во Скопје, во март 2020 година.

Секој друг исход, вечерва во Приштина од 20.45 часот, односно реми или победа на Азербејџан, ни ја носи Белорусија на националната арена „Филип Втори’ како ривал во полуфиналниот нокаут-меч.

 

Натпреварување на УЕФА како некогашниот Куп на куповите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанокот во Даблин на втори и трети декември ќе треба да го промовира новото клупско натпреварување. Натпреварувањето нема име, но може да се вика „ЕЛ2“ и многу да биде слично на Купот на куповите на победниците, кој беше укинат во 1999 година.

Во новото натпреварување право за настап ќе имаат победниците во националните Купови. Како и во Лигата на шампионите, во ова натпреварување откако ќе поминат квалификациите, ќе останат 32 екипи. Топ 5 лигите ќе бидат привилегирани, па затоа Англија, Шпанија, Германија, Франција и Италија ќе имаат по еден директен претставник.

Мечевите од оваа лига би се играле во три термини во четврток. Како почеток за ваквите наптревари би биле термините во 16.30 часот, 19 часот и 21 часот. Шампионот во ова натпреварување ќе избори пласман во Лигата на Европа за следната година, што е нешто слично и со првакот на Лигата на Европа, кој обезбедува место во Лигата на шампионите.

Екипите кои во групната фаза ќе завршат на третото место во Лигата на Европа, ќе продолжат во нокаут-системот во новото натпреварување. Ова „ЕЛ2“ би требало да биде најмногу за промоција на клубовите од помалите лиги, кои ретко успеваат или никогаш досега не се избориле за место во групна фаза од натпреварување на УЕФА.

Ибрахимовиќ за два милиони евра се враќа во Милан

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе го носи дресот на Милан. Според најавите од Италија, Лос Анџелес галакси ја прифати понудата од два милиони евра за шестмесечна позајмица. Шведскиот голгетер две години играше во Милан, па дури стана и шампион на Италија во 2011 година.

„Факт е дека Ибрахимовиќ е многу блиску до доаѓање во Милан. Сега не е момент да зборуваме за тоа. Тоа е играч кој има посебни квалитети. Знае да ги мотивира соиграчите и никогаш не се предава“, неодамна рече директорот на Милан, Леонардо.

 

Јубилеј на Милер – 100 настапи во репрезентативниот дрес

Влегувањето на Томас Милер во вчерашниот дуел против Холандија значеше јубилеј за Германецот. Фудбалерот на Баерн Минхен стана 11-тиот репрезентативец на Германија кој настапил на 100 или повеќе натпревари за „панцерите“.

Во 66-тата минута истрча на теренот на местото од Серж Гнабри, а во клубот „100“ им се придужи на легендите како Бекенбауер, Лам, Клинсман, Клозе, Подолски, Матеус…

Штета што овој успех на Милер нема да му значи многу бидејќи Германија ремизираше со „лалињата“ и претрпе елиминација од Сегментот А од Лигата на нациите.

Во дресот на „панцерите“, Милер запиша 38 погодоци и 36 асистенции, а со пет погодоци беше вториот најдобар стрелец на СП 2014, кога Германија по четврти пат стана светски шампион.

https://twitter.com/dw_sports/status/1064627050131218432

Дурант е надвор од контрола: Гледај го eб*ниот натпревар и заќути! (видео)

Атмосферата во таборот на актуелниот НБА-шампион во овие моменти не е добра. Голден стејт влезе во негативна серија од три порази, последниот од Сан Антонио е вкупно шести оваа сезона, па јасно е дека нешто не функционира. Покрај неодамнешните расправии меѓу ѕвездите во тимот, нов испад направи Кевин Дурант.

На двократниот НБА-првак буквално му „пукна“ филмот во дуелот со Далас пред два дена.  Дурант не можеше да ги издржи навредувањата од страна на навивачите на Далас маверикс, па гневот го истури врз присутните кои седеа во првите редови зад еден од кошевите.

„Гледај го еб*ниот натпревар и еб*но заќути!“, им се обрати Дурант, а сето тоа беше „фатено“ со мобилен телефон од непосренда близина.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=yc6IgXgjWsw

Ситуацијата дополнително се влошила, навивачите продолжиле со уште потешки навреди. Не помогна ниту учинокот на Дурант од 32 поени, „воините“ ја загубија средбата со 112-109.

Витингтон го менува Хендрикс, останатото е исто

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентацијата, Јорданчо Давитков, го соопшти скратениот список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на ноември и почетокот на декември. Новина е враќањето на Шејн Витингтон како замена за Ричард Хендрикс.

Репрезентацијата по победите над Косово на гости и Романија дома, засега е во одлична позиција во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021, а третиот натпревар, против Косово на втори декември во Гевгелија, може да биде и решавачки.

Сениорите ќе одржат краток собир во Скопје (првиот собир закажан за 28-ми ноември, во 20 часот, во „Јане Сандански“), а потоа ќе заминат за Гевгелија, каде што ќе продолжат со тренинзи до одигрување на натпреварот.

На списокот на кандидати се наоѓаат: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко и Шејн Витингтон.

Вардар со поддршка за „Мовембер“ – Грижете се за вашето здравје

Секоја година во ноември светски познати личности помагаат да се подигне свеста за болестите кои главно ја напаѓаат машката популација, но со редовната контрола може навреме да се откријат и да се лекуваат.

Дел од активностите придружени со симболичното пуштање мустаќи или брада или едноставно фотографирање со мустаќи, помагаат и за подобрување на исхраната, вклучување спортски активности во животот со цел превенирање на состојби кои може да доведат до болести.

Бројот на поддржувачите кои во текот на ноември не ги бричат мустаќите и брадата, а веќе следниот месец се враќаат на мазниот уреден изглед расте, а годинава и ракометарите на Вардар се вклучија во светската кампања „Мовембер” со цел да ја подигнат свеста за здравјето на мажите – особено за ракот на тестисите и простатата.

 

Кјелини: Роналдо ќе „гази“ и на 40 години

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо константно ги воодушевува своите колеги во Јувентус по неговата летна преселба од Мадрид во Торино. Последен со пофалби се истакна Џорџо Кјелини, кој за Кристијано вели дека ќе игра на врвно ниво и на 40 години.

„Кристијано не е посебен само по фактот што прв доаѓа на тренинг, туку што прави за време на тренингот. Тој со неговиот менталитет ги тера останатите да го подигнат нивото на работа. Откако пристигна тука, се трудеше што побрзо да се вклопи во нашиот систем, како и на играта во Серија А. Уверен сум дека ќе „гази“ и на 40 години, за разлика од мене. Како сега, така и во иднина ќе ја прави разликата на секој натпревар“, истакна Кјелини за италијанските медиуми.

Роналдо сезонава настапи вкупно на 15 меча во сите конкуренции за Јуве, постигна девет погодоци и асистираше на пет. Според договорот кој го потпиша со „старата дама“, до самото завршување Роналдо ќе има 37 години, но според она што сите го гледаме, таа бројка и тогаш нема да му биде проблем.