Натпреварување на УЕФА како некогашниот Куп на куповите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанокот во Даблин на втори и трети декември ќе треба да го промовира новото клупско натпреварување. Натпреварувањето нема име, но може да се вика „ЕЛ2“ и многу да биде слично на Купот на куповите на победниците, кој беше укинат во 1999 година.

Во новото натпреварување право за настап ќе имаат победниците во националните Купови. Како и во Лигата на шампионите, во ова натпреварување откако ќе поминат квалификациите, ќе останат 32 екипи. Топ 5 лигите ќе бидат привилегирани, па затоа Англија, Шпанија, Германија, Франција и Италија ќе имаат по еден директен претставник.

Мечевите од оваа лига би се играле во три термини во четврток. Како почеток за ваквите наптревари би биле термините во 16.30 часот, 19 часот и 21 часот. Шампионот во ова натпреварување ќе избори пласман во Лигата на Европа за следната година, што е нешто слично и со првакот на Лигата на Европа, кој обезбедува место во Лигата на шампионите.

Екипите кои во групната фаза ќе завршат на третото место во Лигата на Европа, ќе продолжат во нокаут-системот во новото натпреварување. Ова „ЕЛ2“ би требало да биде најмногу за промоција на клубовите од помалите лиги, кои ретко успеваат или никогаш досега не се избориле за место во групна фаза од натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести