Дома Blog Страница 10571

У-19 – Пораз од Чешка, шансите на Македонија за Елитна фаза драстично се намалија

Чешка ја победи Македонија со 2:1 на претквалификацискиот турнир за настап на ЕП и драстично ни ги намали шансите за пласман во Елитната фаза, по која се оди на континентален шампионат.

Златохлавек и Кусеј и донесоа на Чешка предност од 2:1, а намали Марко Ѓоршиевски со погодок во 66. минута. Имавме чист зицер во последните моменти од мечот за реми, но не ја искористивме шансата.

Во последното коло на турнирот, чиј организатор е Чешка ќе играме со Луксембург, но и победа не ни гарантира пласман понатаму.

Меѓусебе играат Чешка и Хрватска, а и на двете репрезентации им одговара нерешен резултат, за да бидат на првите две позиции.

Пред натпреварите од последното коло во нашата група Чешка е лидер со 6 бодови, Хрватска има 4, Македонија 1 и Луксембург е без бодови.

Роналдо е на пат да стане вистински маж

Кристијано Роналдо на „Инстаграм“ се пофали со нов имиџ, има кратка брада, и стана мета на шеги од неговите пријатели и следбеници.

Португалската фудбалска суперѕвезда, е познат како некој што е метросексуалец, човек кој премногу обрнува внимание на личниот изглед, секогаш е уредно избричен, па затоа претставува изненадување што неколку дена не е избричен и има мини-брада.

Еден од неговите најблиски пријатели на напаѓачот на Јувентус, му искоментира: „Имаш брада? Сега си на пат да станеш маж“.

Роналдо не е член на португалската репрезентација, па паузата на клупска сцена ја искористи за да прошета, да одмори, а очигледно заборавил и да се избричи.

Не е лесно кога се губи од лут ривал – Симиќ го удри Митровиќ (Видео)

Дербито на лутите ривали Србија и Црна Гора што се играше денеска во Белград и заврши со победа на домаќините од 2:1 го одбележа сериозен инцидент, во режија на капитенот на гостите Марко Симиќ.

Во првото полувреме стоперот на Црна Гора при прекин со тупаница го удри домашниот шпиц Александар Митровиќ.

Судиите не го видоа добро неспортскиот гест на Симиќ во 36. минута, па тој доби само жолт картон, иако заслужи исклучување. Митровиќ само 4 минути претходно со гол и донесе предност на Србија од 2:0, а 120 секунди, откако доби удар во главата од Симиќ промаши пенал.

Србија победи со 2:1 и е на сигурен пат да игра во полуфиналето во Ц сегментот во Лигата на Нации и да обебзеди промоција во повисок ранг за следниот циклус во ова натпреварување.

Србија пак ја победи Црна Гора за сигурен чекор кон полуфинале во Лигата на Нации

Србија и по вторпат ја победи Црна Гора во меч од четвртата група од Ц сегментот, вечерва во Белград со 2:1 и е на еден чекор до пласман во полуфиналето во оваа конкуренција во Лигата на Нации.

Со головите на Љајиќ и на Митровиќ за две минути во првиот дел домаќините поведоа со 2:0, а напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ имаше шанса уште по 45 минути да ги разреши сите дилеми околу победникот. Се обиде со „Паненка“ да погоди од пенал, но го промаши голот.

Во вториот дел Црногорците намалија со погодокот на Стефан Мугоша во 70. минута, но немаа сили барем за реми.

Со победата Србија по пет кола има 11 бодови, а со триумф дома против  Литванија за три дена ќе бидат сигурни победници во групата. Тоа гарантира пласман во Б сегментот за следното издание во Лигата на Нации, но што е уште поважно и настап во полуфиналето во овој циклус.

Сензација во Лондон – Зверев во два сета го победи Федерер за финале

Александер Зверев имаше повеќе нерви од искусниот тениски ас Роџер Федерер и во два тесни сетови го победи за пласман во финалето на завршниот мастерс турнир што се игра во Лондон.

Германецот направи брејк во вистински момент во првиот сет, во самиот финиш му го одзеде сервисот на противникот и со 7:5 во гемови поведе со 1:0.

Во продолжение се играше израмнето до 1:1, па Федерер направи брејк, но веднаш го загуби следниот сервис и сетот влезе во тај-брејк.

И тука Зверев беше поконцентриран го доби тај-брејкот со 7:5 во поени и славеше со 2:0 во сетови за пласман во големото финале.

Противник ќе му биде подобриот од второто полуфинале што ќе се игра од 21 часот меѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.

Митровиќ се занесе, го испрати „Паненка“ преку гол (Видео)

Александар Митровиќ постигна еден гол за Србија против Црна Гора во мечот од Лигата на Нации што е во тек, но потоа и се посрамоти со обид да изведе „Паненка“ од белата точка.

Напаѓачот б иеше во добро познат стил, но ја испрати топката над голот. Пеналот беше сомнителен, се чини и дека немаше фаул, бидејќи Немања Матиќ сам си ја удри левата од десната нога, но беше досуден удар од белата точка, кој популарниот Митро-гол не го реализираше.

За среќа на неговата репрезентација предноста е голема, а Србија по еден час игра води со 2:0.

 

Ефикасно дерби во Велес – Борец ја победи Брегалница со 3:2

Борец успеа да најде победнички рецепт против Брегалница, славеше со 3:2 во дербито на 13. коло во Втората лига Исток и се зацврсти на врвот на табелата со 34 бодови, шест повеќе од Тиквеш.

Велешани поведоа со 2:0 со головите на Николовски и на Мирчевски во првото полувреме. Намали Велиновски за гостите од Штип, но Коцев во финишот со трет гол за Ботрец ги разреши сите дилеми околу победникот. Наумов во 87. минута успеа само да го ублажи поразот на гостите.

Тиквеш држи чекор со лидерот, денеска го победи Кит Го Пехчево со 1:0 и има 28 бодови, од 12 натпревари, колку што одигра и Борец.

Резултати, 13. коло: Борец – Брегалница 3:2, Тиквеш – Кит Го Пехчево 1:0, Детонит јуниор – Вардар Неготино 3:1, Партизан Обршани – Кожув 0:1, Саса – Плачковица 0:0.

Екс-вардарецот Прибак го урна Металург

Металург беше на прагот на успех против Бешикташ, одлично се држеше во текот на целиот меч, но Немања Прибак беше немилосрден и со последниот гол на натпреварот во Измит му донесе победа на домаќинот.

Тоа беше единствениот погодок за македонскиот репрезентативец, но и најважен за триумф од 23:22 за Бешикташ.

Рамазан Доне беше незадржлив со 9 погодоци за клубот од Истанбул, а за Металург најефикасни беа Марио Танкоски и Анте Токиќ со по пет погодоци.

По израмнетото прво полувреме (12:12), финишот беше возбудлив, а Металург имаше предност од 20:19, но не успеа да ја задржи предноста и го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите во осмиот меч.

На Ипсвич не му се мрда од Чемпионшип, сезонава е опасна за англискиот рекордер

Ипсвич е рекордер во Англија според континуитетот со настапи во иста лига, а цели 17 години не мрдна од Чемпионшип. Секако тука не се сметаат екипите од Премиерлигата, туку во конкуренција се клубовите од останатите лиги на Островот.

Познатиот клуб, кој има учества и во еврокуповите последен пат играше во Премиерлигата во сезоната 2001/02 и оттогаш е член на втората по ранг лига на Островот.

Инаку Ипсвич има славна историја и е освојувач на пехарот во УЕФА купот во 1981 година, откако во двата финални дуели беше подобар од АЗ Алкмар и го освои трофејот.

Сезонава не им оди најдобро, убедливо се последни во Чемшионшип со само 11 бодови, по 17 натпревари и загрозен им е континуитетот од 17 сезони во низа со учество во иста лига.

Зад Ипсвич со 12 едноподруго настапи во Tретата по квалитет лига се наоѓа Волсал, а интересно е што и тимот на Езџан Алиоски, Лидс е на листата со 9 настапи едноподруго во Чемпионшип.

Ипсвич – 17 учества по ред во Чемпионшип

Волсал – 12 настапи по ред во Третата лига (League one)

Морекамб – 12 настапи по ред во Четврата лига (League two)

Дерби каунти  и Нотингем Форест по 11 настапи во серија во Чемпионшип

Лидс – 9 настапи во низа во Чемпионшип

Жорж Мендеш го нуди Фалкао на Реал Мадрид

Радамел Фалкао би можел да се врати во шпанската престолнина, неколку години откако го напушти Атлетико. Сепак, не се работи за враќање кај „јорганџиите“, туку неговиот агент Жорж Мендеш се обидува да среди преселба на својот клиент во редовите на Реал Мадрид, градскиот ривал на Атлетико.

Колумбиецот очигледно не може повеќе да гледа како неговиот Монако тоне во францускиот шампионат. Дури ни доаѓањето на Тиери Анри на клупата на „кнезовите“ не може да ги разреши проблемите во кои се наоѓа шампионот на Франција од сезоната 2016/17.

Дополнителна мотивација за заминување од Монако се финансиските проблеми на клубот. Иако во последниве неколку години направија огромен профит од продажба на неколку ѕвезди, клубот сепак, не може да го издржи финансирањето на „Ел Тигре“, кој со потпишувањето на новиот договор во 2017 година добива големи бонуси.

Неговиот договор важи уште една и пол година, но со оглед дека има 32 години, продажба на Фалкао за било која сума добро ќе легне на Монако. Фалкао од 2013 година настапи на 117 меча во сите натпреварувања за „кнезовите“, постигна вкупно 71 погодоци и 14 асистенции.