Србија пак ја победи Црна Гора за сигурен чекор кон полуфинале во Лигата на Нации

Србија и по вторпат ја победи Црна Гора во меч од четвртата група од Ц сегментот, вечерва во Белград со 2:1 и е на еден чекор до пласман во полуфиналето во оваа конкуренција во Лигата на Нации.

Со головите на Љајиќ и на Митровиќ за две минути во првиот дел домаќините поведоа со 2:0, а напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ имаше шанса уште по 45 минути да ги разреши сите дилеми околу победникот. Се обиде со „Паненка“ да погоди од пенал, но го промаши голот.

Во вториот дел Црногорците намалија со погодокот на Стефан Мугоша во 70. минута, но немаа сили барем за реми.

Со победата Србија по пет кола има 11 бодови, а со триумф дома против  Литванија за три дена ќе бидат сигурни победници во групата. Тоа гарантира пласман во Б сегментот за следното издание во Лигата на Нации, но што е уште поважно и настап во полуфиналето во овој циклус.

- Оглас -

Најнови вести