Дома Blog Страница 10670

Нов проблем за Лев: Боатенг го пропушта дуелот со Франција

Во редовите на фудбалската репрезентација на Германија секој ден се појавува нов проблем. Покрај тоа што „панцирите“ врзаа три меча без триумф и се наоѓаат на последното место на табелата во Лигата на Нации, екипата на Јоаким Лев наиде на нова главоболка.

Имено, дефанзивецот Жером Боатенг вчера  во текот на мечот се здоби со повреда на ногата, па денес се врати во Минхен каде ќе го започне процесот на рехабилитација. Стоперот нема да биде во можност да помогне на своите колеги од репрезентацијата во дуелот со Франција, средбата која е закажана за 16-ти октомври.

Интер не се откажува од Модриќ

Раководството на Интер одново ќе се обиде да преговара со претставниците на Лука Модриќ околу евентуален ангажман. Миланскиот клуб по секоја цена сака да го види најдобриот фудбалер во светот за 2018 година во сино-црниот дрес, потврдија италијанските медиуми.

Имено, Модриќ е во лоши односи со тренерот на „кралевите“, Хулен Лопетеги, и се сомнева во неговото раководење со екипата, а, исто така  е влошена комуникацијата со претседателот Перез, па се шпекулира дека оваа сезона ќе биде негова последна во дресот на актуелниот европски првак.

Меѓутоа, за да им се оствари желбата, Интер прво треба да го сочека Реал Мадрид да ангажира нова ѕвезда, односно „галактико“, за шпанскиот гигант да се ослободи од нивниот извонреден плејмејкер.

Во текот на летото, неуспешниот обид на Интер да го купи Модриќ го вознемири таборот на Реал, па шпанскиот клуб ја притискаше ФИФА  да го казни италијанскиот клуб, а во неколку наврати го критикуваа Интер преку медиумите за непрофесионален пристап и нерегуларен обид да го присвојат Хрватот.

 

Русите рутински против Турција

Русија славеше рутинирана победа од 2-0 против Турција во третото коло во Лигата на Нации во сегментот Б, група 2. По триумфот од 2-1 во Трабзон, избраниците на Черчесов одново остварија позитивен резултат, а најзалужни за победата беа дефанзивецот на Фенербахче, Роман Нојштадер, кој го постигна првенецот во руската селекција, додека дилемите на оваа средба ги реши Черишев, кој погоди за 2-0 во 78-та минута.

Русија сега е прва во групата 2, има седум бода од три средби, додека Турција има остварено само една победа над Шведска, која ја забележи во септемврискиот репрезентативен циклус со 3-2.

Во групата 3 од сегментот Д, двете средби завршија без победник. Азербејџан ремизираше против Малта со 1-1, а со идентичен резултат заврши средбата Фарски Острови – Косово.

Куманово лесно се справи со Гостивар

Куманово пред своја публика стигна до вториот триумф сезонава во Првата лига, а воедно им го нанесе првиот пораз на Гостивар, со конечни 75-63. Клучна беше втората четвртина, во која домаќините ја направија првата иницијатива за контрола на мечот, стигнаа до седум поени предност, па во текот на средбата ја одржуваа истата, а при тоа во неколку обиди успеаја и да ја зголемат на двофицрен број.

Во првите 10 минути беше неизвесно, и двете екипи тешко стигнуваа до поени, па на крајот Куманово ја освои четвртината при 17-16. Во периодот пред паузата, реализацијата на  Гостивар значително опадна, постигнаа само 11 поени, а кумановци сето тоа го искористија и изградија сигурна предност.

Во решавачкиот период, Куманово не им дозволи на гостите да постигат кош цели пет минути, па нивната предност стигна и до +15, а гостиварци немаа шанса да извлечат нешто повеќе од средбата, и покрај отпорот кој го пружија во завршните минути.

Адем Мекиќ беше најрасположениот играч на Куманово, реализираше 26 поени и осум скока, Мирко Ковач допринесе за победата со 13 поени и шест скока. Во тимот на Гостивар најефикасен беше Фурстингер со 19 поени, 13 додаде Сегариќ.

 

ПСЖ со Гонзалес и натаму перфектни во Лигата на шампионите

Ракометарите на ПСЖ на чело со Раул Гонзалес го одржаа перфектниот старт во Лигата на шампионите, откако денес триумфираа и на гостувањето кај Скерн со 26-24. По овој меч, „светците“ остануваат максимални во групата Б, со пет победи на исто толку натпревари.

Хансен ја предводеше својата екипа со осум погодоци, а Генсхајмер со пет гола придонесе во рутинската победа. Покрај ПСЖ, Пик Сегед го следи чекорот на екипата која ја предводи Раул Гонзалес, и тие имаат максимални 10 бода од пет средби, по денешниот триумф над Фленсбург со 30-28.

Резултати 5. коло ЛШ:

Скерн – ПСЖ 24-26

Мотор – ППД Загреб 35-27

Пик Сегед – Фленсбург 30-28

Келце – Вардар 31-27

Во меч со многу нервоза, Вардар загуби од Келце

Македонскиот ракометен првак Вардар ја заврши перфектната серија од стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Келце со 31:27. „Црвено-црните“ имаа четири победи во исто толку меча, но против Келце немаа сили да стигнат до „петка“.

Скубе и Дибиров со по шест гола беа најефикасни кај Вардар, а Шишкарев заврши со четири гола. Милосављев имаше 10 одбрани.

Вардар започна лошо на ова гостување. По првите 5 минути Келце поведе со 3:0, но потоа следи одговор на Вардар и со погодоците на Дибиров и Борозан намали на 3:2 во 7 минута. Домаќините со добра игра успеаа да дојдат до 8:4 и 10:6. Во 14 минута следуваше неочекуван и непромислен потег  на еден од најдобрите играчи на Вардар, Вуко Борозан. Црногорскиот интернационалец со бокс удри еден од домашните играчи, а судиите веднаш му доделија директен црвен картон.

И без Борозан, Вардар добро парираше во првиот дел. Во 25 минута стигна само на еден гол негатива 12:13, а до крајот на полувремето остана тој еден гол негатива за Вардар (16:15).

По само пет минути во второто полувреме, се случи нов инцидент и исклучување, овојпат во таборот на Келце. Алекс Душебаев неспортски го турна Даниел Шишкарев и за тоа доби црвен картон. Во таа ситуација се вмешаа речиси сите играчи кои беа на теренот.

Резултатската неизвесност беше до 37 минута кога беше 18:17 за Келце. Тогаш домаќините со серија од 4:0 стигна до највисоката предност од 22:17 во 42 минута. Скубе со погодок на прекина низата на гостите, а во овие моменти се разбрани и Милосављев (8 одбрани).

Наместо да ги искористи овие одбрани на голманот, Вардар направи неколку грешки во нападот, а полскиот противник тоа го искористи и во 45 минута стигна до 24:19. И по оваа негатива, Вардар не се предаде. Во следните три минути направи серија од 3:0 и стигна до 24:22, но сепак Келце не дозволи до крајот Вардар да направи пресврт. Полскиот тим водеше во текот на целиот меч и на крајот победи.

Расте нервозата: Црвен картон и за Душебаев од Келце

Некогашниот вардаров играч, Алекс Душебаев доби директен црвен картон, откако неспортски реагираше и го турна крилото на Вардар, Даниел Шишкарев.

Пред оваа реакција на Душебаев имаше фаул за Келце, кога Шишкарев го фаулираше шпанскиот репрезентативец. Сепак, наместо да остане смирен, Душебаев веднаш го турна Шишкарев и настана мешаница на теренот. Судиите не се двоумеа многу и веднаш му доделија црвен картон на Душебаев.

Во 35 минута резултатот беше 17:16 за Келце. Да потсетиме, во првото полувреме директен црвен картон доби вардаровиот играч Вуко Борозан поради намерно удирање на противнички играч.

Победничкиот ритам на Македонија пренесен и на првиот тренинг во Ерменија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација во одлична атмосфера го чека дуелот против Ерменија на гости. Нашите најдобри фудбалери пристигнаа во Ереван и го одработија првиот тренинг. Дуелот се игра во вторник, а е од големо значење за „црвено-жолтите“.

Со евентуална победа, Македонија ќе продолжи со перфектниот биланс во Лигата на нации и ќе може да го прослави првото место во групата. Тоа ќе значи и место во полуфиналето од баражот, за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија во Лигата на нации има победа од 2:0 против Гибралтар на гости, потоа во Скопје се радуваше на триумф од 2:0 против Ерменија, а синоќа беше победен Лихтенштајн со 4:1. Ерменија вчера непријатно беше изненадена пред своите навивачи и загуби од Гибралтар со 0:1.

 

Борозан го нокаутираше противникот, доби директен црвен картон

Вуко Борозан одигра само 13 минути за Вардар на гостувањето кај Келце. Црногорскиот интернационалец направи непромислен потег, откако со десната рака нокаутираше еден од играчите на домаќините. Борозан како да знаеше дека тоа што го направи беше многу неспортски, па воопшто не се побуни за исклучувањето.

Вардар лошо го отвори мечот на ова гостување и губеше со 0:3. Потоа следеа голови на Дибиров и Борозан за 2:3, но Келце повторно со серија погодоци стигна до 8:4. Моментно се игра 17 минута, а Вардар е во негатива од четири гола (6:10). До овој момент Вардар има дури три исклучувања.

Синот на Роналдо држи лекции на врсниците, а Кристијано се фали (Видео)

Со потписот на Кристијано Роналдо во Јувентус, не профитираше само сениорскиот тим, туку и младинците. Синот на Кристијано, Јуниор е дел од „црно-белите“ и на секој меч го покажува својот голем талент. Речиси и да нема натпревар на кој Кристијано Јуниор не дал гол, а интересна финта покажа на последниот меч.

Роналдо сениор внимателно ги следи мечевите на својот тим, а преку социјалните мрежи постојано ги постира најдобрите моменти од настапите на неговиот син.

https://twitter.com/Cristiano/status/1051469866237071361