Дома Blog Страница 10669

Како малите деца: Ако не игра брат ми, нема да играм ни јас!

Леон Бејли е еден од оние играчи кои блесна во дресот на Баер Леверкузен сезонава. Благодарение на добрите игри, младиот 21-годишен играч од Јамајка доби покана за деби во националниот тим. Бејли дојде на собирот на репрезентацијата, но сепак одби да дебитира.

Ова одбивање да биде дел од репрезентацијата, многумина го поврзуваат со фактот дека играчот може да одбере за која селекција да настапи. Тој има корени од неколку земји, па има право да игра дури и за Германија, Белгија и Англија. Во селекциите на овие европски земји сигурно многу потешко ќе добие шанса, но Бејли, сепак, уште калкулира. Официјално тој откри дека одбил да настапи поради тоа што во националниот тим не бил повикан и неговиот брат. Бејли барал заедно со него во репрезентацијата да биде и помалиот брат, кој не доби покана за настап.

„Дојдов во Јамајка бидејќи добив повик од репрезентацијата. Имаме договор, но ме пречека друго сценарио. Тие не го испочитуваа договореното. Затоа и решив да не играм на овој натпревар. Дојдов да ја претставувам мојата земја, но тие не беа чесни кон мене. Подготвен сум да играм за оваа селекција, но ако нешто се договориме, очекувам тоа да биде испочитувано“, вели Бејли.

Доколку не се случи пресврт и не добие повик за настап во Германија, Белгија или Англија, играчот на Баер Леверкузен повторно може да го облече дресот на Јамајка на 17-ти ноември. За тој ден е закажан дуелот против Суринам, но многу веројатно дека тогаш во репрезентацијата ќе биде и помалиот брат на Леон Бејли.

Конор има опасна левица, но се посрамоти кога требаше да фрли топка (Видео)

На Конор Мекгрегор никако да му тргне. Откако ирскиот борец го загуби мечот на деценијата во УФЦ-верзијата од Хабиб Нурмагомедов, овојпат се посрамоти и во друг спорт. Мекгрегор се појави на натпревар од американскиот фудбал, и тоа како навивач на Далас каубојс.

Ирецот, кој во рингот е еден од најопасните со својата лева рака, овојпат се посрамоти. Сакаше да проба и да фрли една топка, но тоа изгледаше многу смешно. Многумина коментираа дека Конор веќе ја има загубено силата и толку е надвор од форма, што дури не може да исфрли една топка во американски фудбал.

https://twitter.com/2nddecksports/status/1051615414478925824

Јотовски победник на Бовин Неготино опен

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на Бовин Неготино опен што се играше изминативе денови на терените на ТК Неготино. Тој во финалето го совлада Стефан Мицов со 2-0 во сетови (6:3) и 7:6 (1) во гемови.

„Одиграв добар меч. Го дадов својот максимум денес за да победам. Честитки до организаторот на турнирот, се надевам ќе се видиме и наредната година“, изјави Јотовски веднаш по мечот.

Ова е турнир кој постои повеќе од 20 години.

„Бовин Неготино опен е турнир со долга традиција. Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 и оттогаш наваму успеавме да изградиме една долга традиција и еве оваа година да ги собериме дел од најдобрите македонски играчи. На турнирот настапија 49 играчи од цела Македонија“, рече Ванчо Лазов, претседателот на ТК Неготино.

Босанска комедија – Голманот мораше да се повреди (Видео)

Вистинска комедија се случуваше во Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина, а проблемите се слични како и во нашиот фудбал.

За да се изигра правилото кое вели дека мора да има тројца младинци во секоја екипа на возраст до 21 година, голманот на Славен се повреди во првата минута од мечот со Вележ.

Целата ситуација беше многу комична, а на местото на „повредениот“ млад голман, во игра влезе стандардниот чувар на мрежата, кој е многу повозрасен.

https://www.dailymotion.com/video/x6vec03

Велс без капитенот на дербито против Ирска

Најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл, нема да настапи на дуелот против Република Ирска кој се игра утре, во рамките од Лигата на нациите. Бејл заработи полесна повреда на мечот Реал Мадрид – Алавес, но не сака да ризикува. Тој го пропушти пријателскиот меч против Шпанија (1-4), а сега ќе биде вон стројот и за средбата против Р. Ирска.

Отсуствуво на Бејл сигурно ќе биде голем хендикеп за Велс, ако се знае дека капитенот на националниот тим е и најдобар стрелец. Досега тој има дадено 30 погодоци за репрезентацијата. По два меча во Лигата на нациите, Велс има една победа и пораз и е на второто место, зад Данска, која има 4 бода, додека Р. Ирска е со само еден освоен бод.

Офанзивецот се надева дека ќе биде подготвен за следните предизвици во дресот на Реал Мадрид, посебно ако се знае дека Кралскиот клуб во последните 20-тина дена се најде во резултатска криза и не можеше да даде гол на неколку средби по ред.

 

 

Кошќелни разочаран се прости од националниот дрес

Лоран Кошќелни реши повеќе да не настапува за репрезентацијата на Франција. Дефанзивецот кој собра 51 настап за националниот тим, поради повреда не беше дел од Мундијалот во Русија, каде што Франција стана светски првак. Кошќелни вели дека е разочаран од односот кон него бидејќи откако се повреди, единствно селекторот Дидие Дешамп му се јавил да го праша како е.

„Селекторот ми се јави еднаш, и тоа во септември, кога ми е роденденот. И толку беше. Многу луѓе ме разочараа, не само селекторот. Чувството е како кога ќе добиете удар директно во мускулот. Титулата која ја освои Франција на Мундијалот во Русија ми направи поголем притисок отколку самата повреда. Мислам дека дадов сè што можам за Франција. Имам 33 години, одиграв две Европски првенства и еден Мундијал. Сега Франција има сјајна генерација на фудбалери. За мене, со Франција е готово. Кога сте во добра форма, тогаш имате пријатели, но кога сте повредени, сите ќе ве заборават“, рече разочараниот Кошќелни.

 

Тешки се поразите од Чешка – Словачка остана без селектор

Поразите од Чешка имаат пецифична тежина за Словаците, па сега ќе мора да бараат нов селектор. Јан Козак си поднесе оставка по несупехот против некогашните браќа од заедничката држава Чехословачка.

Чесите беа подобри и славеа со 2-1 во Трнава, во меч од Лигата на нациите, што доведе до повлекување на словачкиот селектор. Козак ја предводеше Словачка од клупата од 2013 година, беше селектор на оваа селекција и на последното Европско првенство во Франција 2016 година, но не издржа до крајот на договорот со важност до 2020 година.

Привремено решение како замена за Козак ќе биде неговиот помошник Стефан Таркович, а ќе дебитира како в.д. селектор веќе утре, на пријателскиот меч со Шведска во Стокхолм.

 

Ерменците се во тотален хаос – Ја утнаа и химната на Гибралтар, па се извинија

Челниците на Фудбалската федерација на Ерменија упатија извинување до Гибралтар за големата утка при интонирањето на химните.

Наместо химната на Гибралтар, по грешка беше пуштена таа на Лихтенштајн, селекцијата која претходно им беше гостин на Ерменците во Ереван.

За нас, веројатно, ќе нема проблем, бидејќи Ерменците одлично нѐ познаваат и четврти пат сме им гости во Ереван, па не би требало да има ваков пропуст.

 

„Магичниот“ гол на Дибиров доволен за второ место, во топ 5 има место и за Милосављев (Видео)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја заврши перфектната серија во Лигата на шампионите откако вчера загуби на гостувањето кај Кјелце, во петтото коло. Полскиот тим уште од почетокот поведе со 3:0 и во ниту еден момент не му дозволи на нашиот шампион ниту да стигне до нерешено. На крајот, „црвено-црните“ беа поразени со 27:31.

И покрај поразот, Вардарци имаа блескави моменти на овој меч. Тимур Дибиров беше прва опција во нападот. Рускиот репрезентативец заврши со шест голови, а посебно убав беше еден погодок, кој е негова специјалност. За тој гол, Дибиров се најде на второто место во неделниот топ 5 избор на ЕХФ. Најдобрите пет погодоци може да ги погледнете ТУКА. 

Место во топ 5 имаше и за голманот Дејан Милосављев. Србинот повторно добро бранеше и имаше девет интервенции, а се најде и на петтото место меѓу најдобрите одбрани за петтото коло во Лигата на шампионите. Одбраните може да ги погледнете ТУКА.  

За победници и Арарат не е превисок

Македонија е без пораз повеќе од 15 месеци, а победа утре против Ерменија ќе биде висока колку Арарат. Библиската планина е во непосредна близина на Ереван, местото каде што од 18 часот ќе го играме клучниот меч што може да стави печат на првото место во нашата група од сегментот Д во Лигата на нациите.

Ова ќе ни биде четврто гостување во Ереван, а билансот со Ерменците ни е израмнет – по една победа, реми и пораз. Вкупно сме подобри и на 7 меѓусебни натпревари имаме 3 победи и по две нерешени и порази.

Таман за четврта победа во четвртото гостување кај Ерменците, кои не играат добро и имаат многу проблеми. Со нов селектор загубија од Гибралтар, а со претходниот, Минасјан, ги победивме во Скопје со 2-0 и сè е во наши раце.

Ни одговара и реми, но како што вели Ферхан Хасани, одиме на победа. Такво е и расположението во репрезентацијата, конечно имаме серија што е за почит и на десет натпревари по ред не сме поразени. Триумф ни носи мир и сигурен настап на завршниот турнир за круната во сегментот Д и за пласман на ЕП 2020 година.