Дома Blog Страница 108

Нови квоти за победник во ЛШ, три тима се издвојуваат

Победата на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Барселона е најголемото изненадување во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, па тој резултат донесе и најголеми промени во квотите во Sport Life за играта „Победник во Лигата на шампионите“.

Сега на Атлетико му се даваат поголеми шанси да стане европски првак отколку на Барса, а пред мечот на „Камп Ноу“ беше обратно. До вчера Каталонците беа трети фаворити, а Атлетико втор најголем аутсајдер за трофејот меѓу четвртфиналистите.

Арсенал е главен фаворит за трофејот, со мала предност пред Баерн Минхен и ПСЖ. Кај овие екипи, квотите се од 3.00 до 3.80. На останатите тимови им се даваат помали шанси, и квотите се двоцифрени или дури и троцифрени како кај Спортинг Лисабон. Пораснаа квотите и кај Ливерпул и Реал Мадрид, што и беше за очекување со оглед на поразите.

Јамал верува во чудо на реваншот против Атлетико: „Ништо не е готово!“

Барселона загуби со 0-2 на домашен терен од Атлетико Мадрид на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите и е пред елиминација, но младата ѕвезда на „каталонците“, Ламин Јамал, верува дека може да направат чудо на реваншот.

„Навивачи на Барселона, се уште ништо не е готово. На реваншот ќе дадеме се од себе. Обединети како и секогаш.“ – гласи пораката на Јамал упатена кон навивачите на Барселона.

Барселона целото второ полувреме го играше со човек помалку на теренот, откако Кубарси беше исклучен во 44-тата минута, а Алварес погоди директно од слободниот удар за 0-1. Во вториот дел прецизен беше и Сорлот, а од каталонскиот табор за поразот го обвинија романскиот судија Иштван Ковач.

Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет е гордост за државата

Скопје ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во период од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт.

На ова престижно натпреварување ќе учествуваат 23 машки и 16 женски екипи, се очекува да настапат околу 700 ракометарки и ракометари на возраст до 18 години од целиот свет, што пак претставува еден од најголемите училишни спортски настани организирани во Македонија.

Светското училишно првенство во ракомет е момент што ја става Македонија на светската спортска мапа.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска нагласува дека добивањето на организација на еден ваков настан е голема чест, но и одговорност, но и можност за да испратиме порака дека како земја сме подготвени да одговориме на еден ваков предизвик.

„Организацијата на Светското училишно првенство за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на меѓународната спортска сцена, особено во  ракометот кој е и број 1 спорт во Македонија.

Би сакала да упатам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски кој првенствено верува во училишниот спорт, дава безрезервна поддршка и во организација на овој училишен ракометен Мундијал. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат, а ние сме тука да ги поддржиме и заеднички да градиме успешни спортски приказни“, вели Мицковска.

Покрај спортскиот аспект, првенството носи и пошироко значење, како за развојот на младите, така и за промоцијата на државата.

„Ова не е само натпреварување, туку можност да инспирираме нови генерации, но и да создадеме нова база на спортисти. Спортот има уникатна моќ – обединува и сплотува. Младите спортисти ќе видат што значи да се биде дел на голема спортска сцена која ќе биде дополнителен мотив за да го засакаат ракометот“, вели Мицковска.

Скопје во овој период ќе биде центар на младинскиот ракомет, а очекувањата се да се создаде вистинска спортска атмосфера.

„Очекуваме квалитетни натпревари, фер-плеј игра и пријателства кои ќе траат за цел живот. Сакаме сите учесници да си заминат од Македонија со најубави спомени“, додава Мицковска.

Инаку претседателката Мицковска минатата година беше дел од Светското училишно првенство во одбојка во Кина и оттаму ги покани сите земји да бидат дел од ракометниот спектакл во Скопје.

Таа испрати силна порака до учесниците и јавноста:

„Ова првенство е повеќе од спорт, ова е можност да покажеме дека Македонија има срце, енергија и капацитет да биде домаќин на големи спортски приказни. Верувам дека ќе оставиме впечаток што долго ќе се памети. Ги повикувам сите вљубеници во спортот да дојдат на свеченото отварање на плоштадот Македонија кое ќе се одржи на 21 април и да ги поддржат младите спортисти, да им го дадат потребниот импулс и мотив. Само заедно обединети можеме да успееме“.

Натпреварите ќе се играа во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала „Расадник“ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Претпоследното коло во Евролигата може да донесе тотален хаос на табелата

Вечерва се играат пет меча од претпоследното коло во кошаркарската Евролига, а три се посебно интересни и може да донесат одговори на некои прашања околу позициите кои носат плејоф и плеј-ин.

Хапоел Тел Авив во Софија е домаќин на лидерот Олимпијакос, а ако победат Израелците, ќе се изедначат со Олимпијакос, па тука битката е за домашна предност во плејофот. Фенербахче има четири порази по ред, а Реал Мадрид два, па победникот може да смета дека ќе оди во плејоф, додека тој што ќе загуби можеби ќе треба да игра и плејин за да влезе во четвртфиналето на плејофот.

Интересно ќе биде и во Валенсија каде гостува Панатинаикос во меч на два тима кои имаат Американци со македонски пасоши. И Валенсија и ПАО имаат амбиција директно да влезат во плејофот, тоа ќе биде можно само со победа вечерва.

Ги погоди победите на ПСЖ и Атлетико, но и ремито во Брага, па со 50 денари си доби преку 100.000 денари (Фото)

Редовен играч на Sport Life од Тетово успеа со влог од само 50 денари да добие нето сума од 101.121 денари и тоа со само осум натпревари на тикетот. Тетовецот успеа да погоди дека ПСЖ и Атлетико Мадрид ќе имаат водство на полувремето и на крајот ќе победат против Ливерпул, односно Барселона, но и дека на мечот од Лигата на Европа помеѓу Брага и Бетис на полувремето ќе водат домашните, на крајот ќе биде нерешено.

Погодените квоти достигнуваат и до 16.00, а на тикетот имаше уште пет меча со помали, реални квоти, на кои победи забележаа ЦСКА Софија, Галатасарај и Динамо Загреб на гости, но и домашни победи на Вележ и Ријека.

На крајот сосема заслужено си доби речиси 1.700 евра со влог помал и од едно евро. Вистински мајстор.

Алваро Арбелоа со мистериозна изјава за судењето на мечот Бараселона – Атлетико

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, испрати загонетна, но силна порака на прес-конференцијата пред мечот со Жирона, осврнувајќи се на поплаките што доаѓаат од Барселона.

На директно прашање за контроверзиите, Арбелоа не сакаше да влегува во детали – но јасно стави до знаење дека има свој став.

„Не сакам да навлегувам во тие проценки. Видовме што се случи минатиот викенд и што се случува веќе со недели. Моето мислење е јасно и не отстапувам од него – се темели на тоа што го гледам од недела во недела“, изјави тој.

Кога беше прашан дали судиските критериуми се различни за Реал Мадрид и Барселона во Европа во споредба со Ла Лига – одговорот беше уште помистериозен:

„Сите знаат што мислам за тоа што се случува со години и што продолжува да се случува. Нема да го сменам мислењето.“

Сити ќе го победи Челзи, но најголемиот фаворит викендов е Каљари

На два дена пред затворањето на типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕира исходот на најинтересните натпревари од викендов.

Секако, дерби се игра во Лондон, а се среќаваат Челзи и Манчестер сити. 65% од играчите на Спортската прогноза очекуваат победа на „граѓаните“, а само 17% веруваат во победа на „сините“.

Сепак, најголемиот фаворит викендов според типовите е Каљари во мечот против Кремонезе на домашен терен. Преку 85% од играчите очекуваат победа на оваа екипа.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Салах го гледаше мечот од клупата за резерви, па Слот објасни: „Немаше потреба да игра“

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, конечно објасни зошто Мохамед Салах не одигра ниту минута во поразот од ПСЖ (2:0) во првиот четвртфинален меч од Лига на шампиони.

Египетската ѕвезда го гледаше целиот меч на „Паркот на принцовите“ од клупата за резерви, а Ливерпул одигра блед натпревар без вистинска офанзивна закана.

Слот јасно стави до знаење – одлуката била чисто тактичка.

„Во последните минути тоа за нас беше преживување, а не напад. Немавме реална шанса да постигнеме гол. Последните 20-25 минути само се браневме“, објасни Холанѓанецот.

Иако ваквиот потег изненади многумина, стратегот на „црвените“ смета дека го заштитил својот најдобар офанзивец.

„Мо има огромен квалитет, но не мислам дека беше добро за него да мине 20-25 минути бранејќи се во сопствениот шеснаесетник. Сакавме да му ја зачуваме енергијата за натпреварите што следуваат.“

Салах минува низ тешка сезона и веќе најави дека на крајот од истата ќе го напушти клубот, па очигледно Слот внимателно го „дозира“.

Од доаѓањето на Салах во 2017 година, ова беше само втор натпревар во нокаут-фазата на ЛШ што го пропуштил. Првиот беше легендарниот реванш против Барселона во 2019, кога Ливерпул направи чудо со победа од 4:0 и се пласираше понатаму.

На последниот меч меѓу Порто и Нотингем имаше два пенали, сега за такво нешто има фантастична квота во Sport Life (Фото)

Најинтересниот натпревар од вечерната понуда во четвртфиналето во Лигата на Европа и Конференциската лига е оној помеѓу Порто и Нотингем Форест, а токму за овој натпревар ќе најдете фантастична понуда во Специјалот на Sport Life со стотици игри и комбинации.

Овие две екипи играа и во групната фаза, а „шумарите“ победија со 2-0 и тоа со два гола од пенал. Квотите за пенал и вечерва се одлични и достигнуваат и до 5.00.

Порто е во мала предност со квота од 2.20, додека триумфот на Нотингем има квота од 3.55, но овие квоти може да бидат и далеку поголеми доколку ги искомбинирате со стрелец. Тогаш би добиле квота и до 9.00.

Секако, може да се одигра и само на стрелец, а за тоа во Специјалот на Sport Life има три опции: стрелец на првиот гол, стрелец во тек на мечот и хет-трик, а квотите достигнуваат и до 150.00.

Стандардно, во Специјалот може да најдете одлична понуда и за статистичките елементи, како што се: корнери, картони, замени, офсајди, фаули …

Комплетната Специјална понуда на Sport Life за мечот помеѓу Порто и Нотингем Форест може да ја најдете на следниов ЛИНК.

По повеќе од половина век се пласираа на СП и ја добија најголемата награда за еден ваков успех

Фудбалската репрезентација на Демократска република Конго се пласираше на завршницата на Светското првенство и тоа за прв пат по 52 години пауза. Овој фудбалски подвиг ја израдува целата африканска земја, а претседателот на ДР Конго, Феликс Цисекеди најави дека ќе има убави награди за фудбалерите и членовите на стручниот штаб.

Како што пренесуваат светските медиуми, Цисекеди откри дека секој член на репрезентацијата како награда ќе добие нов џип, паричен бонус и земјиште. Тоа е највредната позната награда за една репрезентација која се пласирала на најголемиот планетарен фудбалски собир. Претседателот на ДР Конго ги пофали сите фудбалери за се што направија во текот на квалификациите и порача „Од сега, пласманот на Мундијалите треба да биде редовна појава“.

Пласманот на Светското првенство беше обезбеден со тесна победа од 1:0 против Јамајка. Херој на нацијата беше Аксел Туанзебе, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, кој го постигна одлучувачкиот гол во продолжението и со тоа предизвика еуфорија во целата земја. За ДР Конго, ова е долгоочекуван успех, бидејќи последен пат се појавија на Светското првенство во 1974 година, тогаш под името Заир.

По историската победа, Министерството за труд објави дека среда, 1 април, е прогласена за неработен ден со цел соодветно да се одбележи еден од најголемите спортски моменти во историјата на земјата. Во главниот град Киншаса владееше тотална еуфорија – банките и продавниците беа затворени, а илјадници луѓе ги преплавија улиците славејќи до раните утрински часови.

Тие првпат се квалификуваа на СП во 1974 година како Заир, и беа во група со Бразил, Југославија и Шкотска. По трите одиграни меча завршија без ниту еден бод со очајна гол-разлика од 0:14. Поразот на ДР Конго од Југославија со 9:0 е најголемиот пораз во историјата на Светските првенства, заедно со поразот на Ел Салвадор од Унгарија (1:10) во 1982 година и поразот на Јужна Кореја од Унгарија (0:9) во 1954 година.

ДР Конго на Мундијалот кој ќе се игра ова лето ќе биде во Групата К заедно со селекциите на Португалија, Узбекистан и Колумбија.