Дома Blog Страница 107

Пуштени во продажба билетите за полуфиналињата во Купот на Македонија во ракомет

Ракометната федерација на Македонија објави дека од денеска се пуштени во продажба билетите за претстојниот фајнал-фор турнир од Купот на Македонија. Билети може да се купат на сајтот на МК тикетс

Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17-ти и 18-ти април во Спортската сала „Парк“ во Струмица. Цената на билетот изнесува 400 денари.

За билетите за финалните натпревари кои ќе се играат в недела на 19-ти, дополнително ќе биде објавена информација.

Луис Суарез не ја исклучува можноста да игра на Светско првенство

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, не ја исклучува можноста за враќање во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство ова лето.

Ветеранот во интервју за уругвајското издание „Диарио Овасион“ изјави дека никогаш нема да ѝ го сврти грбот на својата земја, и покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот тим во 2024 година.

„Националниот тим не се одбива. Се ближи Светското првенство, ако им требам… што ќе правам? Никогаш нема да ѝ кажам не на мојата земја, никогаш нема да кажам не“, рече 39-годишниот Суарез.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид ја завршува својата кариера во репрезентацијата на Уругвај во септември 2024 година, пензионирајќи како стрелец број 1 на сите времиња со 69 гола на 143 натпревари во период од 17 години.

„Се повлеков од репрезентацијата за да им отстапам место на другите играчи и затоа што чувствував дека дојде моментот кога повеќе нема да бидам корисен за тимот. Ако им требам, никогаш нема да ги одбијам. Тоа е невозможно – сè додека сè уште играм, сè додека сум сè уште активен“, додаде Уругваецот.

Уругвај е во група со Капо Верде (Зеленортски острови), Шпанија и Саудиска Арабија.

Алкарас се намачи против тенисерот со најмногу победи на земја во 2026

Карлос Алкарас со многу мака го победи Томас Ечевери со 6-1, 4-6, 6-3 во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло кој се игра на земјена подлога.

Аргентинецот Ечевери е тенисерот со најмногу победи на земја во 2026 година, па и не е чудо што му пружи силен отпор на првиот носител и лидер на АТП листата.

Во четвртфиналето Алкарас ќе игра со Бублик, а едно од четвртфиналињата е Синер – Оже Алиасим.

Математиката вели дека Синер ќе го преземе првото место на АТП ранг листата ако го освои турнирот во Монте Карло, а и финале ќе му биде доволно, ако Алкарас кој го брани трофејот од лани, не стигне до финалето. Ако денеска загубеше Алкарас, на Синер ќе му требаше само уште една победа за преземање на тронот, вака ќе треба да се помачи.

Инаку победа на Синер над Оже Алиасим му одговара и на Ѓоковиќ кој така сигурно би останал четврти на АТП листата. Ако Канаѓанецот го освои турнирот во Монте Карло, Новак паѓа на петта позиција.

Рекорд: Аргентина и Бразил ќе имаат дури по тројца главни судии на СП 2026!

Земјата која е актуелен светски првак во фудбал, Аргентина, на претстојното Светско првенство кое ќе се игра летово во САД, Мексико и Канада, ќе има дури тројца свои судии, а рекордот ќе го дели со Бразил кој истотака ќе има тројца судии.

Иако ФИФА официјално уште ја нема објавено листата на официјални лица за Мундијалот, во повеќе светски медиуми се појави списокот со 52 главни судии кои ќе делат правда. На листата нема македонски судија, што и не е изненадување.

Прв пат во историјата ќе има три аргентински и бразилски судии на едно Светско првенство. Иако земјите обично имаа еден до двајца судии на СП во претходните изданија, овој пат ФИФА реши да повика дури по тројца судии од Аргентина и Бразил. Од Европа, само Франција и Англија ќе имаат по двајца судии, другите земји меѓу кои и Шпанија, Германија и Италија, по еден. 

Македонија Ѓорче Петров реди порази, Струга без проблем со Шкупи

Струга на својот стадион како официјален гостин беше подобра од Шкупи со 3-0, а Арсими на гости славеше со 1-0 против Македонија Ѓорче Петров во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани рутински дојдоа до три бода против чаирчани, а Малески утна пенал и пропушти прилика да постигне хет-трик.

Во Ѓорче Петров, Арсими со гол на Јусуфи кој прво беше поништен, а потоа потврден по проверка во ВАР собата, освои три важни бодови кои ги качи на безбедното седмо место. Лавовите од Ѓорче имаат серија од пет порази по ред и претпоследни се, им се заканува директно испаѓање, но пред нив се седум кола во кои може да обезбедат опстанок или да се изборат барем за бараж преку кој би останале во елитното друштво.

Нови квоти за победник во ЛШ, три тима се издвојуваат

Победата на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Барселона е најголемото изненадување во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, па тој резултат донесе и најголеми промени во квотите во Sport Life за играта „Победник во Лигата на шампионите“.

Сега на Атлетико му се даваат поголеми шанси да стане европски првак отколку на Барса, а пред мечот на „Камп Ноу“ беше обратно. До вчера Каталонците беа трети фаворити, а Атлетико втор најголем аутсајдер за трофејот меѓу четвртфиналистите.

Арсенал е главен фаворит за трофејот, со мала предност пред Баерн Минхен и ПСЖ. Кај овие екипи, квотите се од 3.00 до 3.80. На останатите тимови им се даваат помали шанси, и квотите се двоцифрени или дури и троцифрени како кај Спортинг Лисабон. Пораснаа квотите и кај Ливерпул и Реал Мадрид, што и беше за очекување со оглед на поразите.

Јамал верува во чудо на реваншот против Атлетико: „Ништо не е готово!“

Барселона загуби со 0-2 на домашен терен од Атлетико Мадрид на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите и е пред елиминација, но младата ѕвезда на „каталонците“, Ламин Јамал, верува дека може да направат чудо на реваншот.

„Навивачи на Барселона, се уште ништо не е готово. На реваншот ќе дадеме се од себе. Обединети како и секогаш.“ – гласи пораката на Јамал упатена кон навивачите на Барселона.

Барселона целото второ полувреме го играше со човек помалку на теренот, откако Кубарси беше исклучен во 44-тата минута, а Алварес погоди директно од слободниот удар за 0-1. Во вториот дел прецизен беше и Сорлот, а од каталонскиот табор за поразот го обвинија романскиот судија Иштван Ковач.

Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет е гордост за државата

Скопје ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во период од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт.

На ова престижно натпреварување ќе учествуваат 23 машки и 16 женски екипи, се очекува да настапат околу 700 ракометарки и ракометари на возраст до 18 години од целиот свет, што пак претставува еден од најголемите училишни спортски настани организирани во Македонија.

Светското училишно првенство во ракомет е момент што ја става Македонија на светската спортска мапа.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска нагласува дека добивањето на организација на еден ваков настан е голема чест, но и одговорност, но и можност за да испратиме порака дека како земја сме подготвени да одговориме на еден ваков предизвик.

„Организацијата на Светското училишно првенство за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на меѓународната спортска сцена, особено во  ракометот кој е и број 1 спорт во Македонија.

Би сакала да упатам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски кој првенствено верува во училишниот спорт, дава безрезервна поддршка и во организација на овој училишен ракометен Мундијал. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат, а ние сме тука да ги поддржиме и заеднички да градиме успешни спортски приказни“, вели Мицковска.

Покрај спортскиот аспект, првенството носи и пошироко значење, како за развојот на младите, така и за промоцијата на државата.

„Ова не е само натпреварување, туку можност да инспирираме нови генерации, но и да создадеме нова база на спортисти. Спортот има уникатна моќ – обединува и сплотува. Младите спортисти ќе видат што значи да се биде дел на голема спортска сцена која ќе биде дополнителен мотив за да го засакаат ракометот“, вели Мицковска.

Скопје во овој период ќе биде центар на младинскиот ракомет, а очекувањата се да се создаде вистинска спортска атмосфера.

„Очекуваме квалитетни натпревари, фер-плеј игра и пријателства кои ќе траат за цел живот. Сакаме сите учесници да си заминат од Македонија со најубави спомени“, додава Мицковска.

Инаку претседателката Мицковска минатата година беше дел од Светското училишно првенство во одбојка во Кина и оттаму ги покани сите земји да бидат дел од ракометниот спектакл во Скопје.

Таа испрати силна порака до учесниците и јавноста:

„Ова првенство е повеќе од спорт, ова е можност да покажеме дека Македонија има срце, енергија и капацитет да биде домаќин на големи спортски приказни. Верувам дека ќе оставиме впечаток што долго ќе се памети. Ги повикувам сите вљубеници во спортот да дојдат на свеченото отварање на плоштадот Македонија кое ќе се одржи на 21 април и да ги поддржат младите спортисти, да им го дадат потребниот импулс и мотив. Само заедно обединети можеме да успееме“.

Натпреварите ќе се играа во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала „Расадник“ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Претпоследното коло во Евролигата може да донесе тотален хаос на табелата

Вечерва се играат пет меча од претпоследното коло во кошаркарската Евролига, а три се посебно интересни и може да донесат одговори на некои прашања околу позициите кои носат плејоф и плеј-ин.

Хапоел Тел Авив во Софија е домаќин на лидерот Олимпијакос, а ако победат Израелците, ќе се изедначат со Олимпијакос, па тука битката е за домашна предност во плејофот. Фенербахче има четири порази по ред, а Реал Мадрид два, па победникот може да смета дека ќе оди во плејоф, додека тој што ќе загуби можеби ќе треба да игра и плејин за да влезе во четвртфиналето на плејофот.

Интересно ќе биде и во Валенсија каде гостува Панатинаикос во меч на два тима кои имаат Американци со македонски пасоши. И Валенсија и ПАО имаат амбиција директно да влезат во плејофот, тоа ќе биде можно само со победа вечерва.

Ги погоди победите на ПСЖ и Атлетико, но и ремито во Брага, па со 50 денари си доби преку 100.000 денари (Фото)

Редовен играч на Sport Life од Тетово успеа со влог од само 50 денари да добие нето сума од 101.121 денари и тоа со само осум натпревари на тикетот. Тетовецот успеа да погоди дека ПСЖ и Атлетико Мадрид ќе имаат водство на полувремето и на крајот ќе победат против Ливерпул, односно Барселона, но и дека на мечот од Лигата на Европа помеѓу Брага и Бетис на полувремето ќе водат домашните, на крајот ќе биде нерешено.

Погодените квоти достигнуваат и до 16.00, а на тикетот имаше уште пет меча со помали, реални квоти, на кои победи забележаа ЦСКА Софија, Галатасарај и Динамо Загреб на гости, но и домашни победи на Вележ и Ријека.

На крајот сосема заслужено си доби речиси 1.700 евра со влог помал и од едно евро. Вистински мајстор.