Дома Blog Страница 110

Англиските екипи со големи предизвици во Лига на Европа и Конференциска лига

6029 Порто – Нотингем форест (21 ч.)

Дуел на некогашни европски прваци, но сега во Лига на Европа. Овие екипи сезонава веќе играа меѓусебе во лигашкиот дел, а тогаш Нотингем пред своите фанови победи со 2:0. Сега, Порто го има адутот да игра на свој терен, а тимот е во добра форма.

Нотингем во претходните две нокаут фази победуваше на гости, дома губеше но сепак одеше понатаму. Само три победи во последните 12 средби има англискиот тим, но кога се работи за европска пресметка сигурно мотивот е посебен.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.65)

 

6021 Болоња – Астон вила (21 ч.)

Болоња во претходното коло ја елиминираше Рома, а Астон вила немаше проблеми против Лил. Овие две екипи во последните две сезони играа два пати во лигапките пресметки. Лани, во Лига на шампиони Астон вила дома победи со 2:0, а сезонава во Лига на Европа тимот од Бирмингем славеше со 1:0.

Сега Болоња ќе биде домаќин, но од тоа што е стилот на овие две екипи, не би требало да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.73)

 

6807 Кристал Палас – Фиорентина (21 ч.)

Кристал палас низ „иглени уши“ ги поминуваше Зрињски и АЕК Ларнака иако делуваше дека е голем фаворит. На сите тие четири меча со овие ривали во нокаут фазата, немаше повеќе од два погодоци. Сега Фиорентина е многу позвучен ривал за лондончани.

Фиорентина е во одлична форма и има четири победи и две нерешени во последните шест средби што ги одигра; но ова ќе биде вистински предизвик пак да останат непоразени.

Предлог тип: 1Х&X2 (3.05)

 

6808 Мајнц – Стразбур (21 ч.)

Дуел на две екипи кои се во одлична форма. Мајнц има четири победи и четири нерешени во последните осум кола, и само еднаш одиграле со повеќе од три погодоци. Стразбур е во уште подобра серија и има пет победи и исто толку нерешени во десетте последни дуели што ги одигра во сите натпреварувања.

Францускиот тим игра без многу калкулации, сака да се надигрува и затоа често игра со повеќе погодоци, па иако ова е дуел од нокаут фаза, може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

6810 Шахтер – АЗ Алкмар (21 ч.)

Шахтер како домаќин игра во Краков во Полска, а украинскиот тим е многу посвеж затоа што првенството им започна пред два месеци и секако веднаш покажа дека ќе се бори за највисок пласман.

Аз Алкмар игра без калкулации и затоа многу ретко игра нерешено, а во просек дава и прима над 1,5 погодоци на меч.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

Македонија ЃП нема избор, мора да победи против Арсими, а квотата е одлична

Комплетирање на 26. коло на Прва фудбалска лига на Македонија ќе има денеска со двата меча кои се на програмата. Македонија Ѓорче Петров на свој терен игра против Арсими, додека Шкупи ќе биде домаќин на Струга и тоа на теренот покрај Охридското езеро.

Македонија ЃП е на претпоследното место со само 23 бодови и во серија од четири порази. Доколку некогашниот шампион од Ѓорче Петров сака да се обиде да се спаси од испаѓање, едноставно денеска мора да брка победа против Арсими, кој е на осмото место со 29 бодови.

Во есенскиот дел од сезоната Македонија ЃП со убедливи 4:1 славеше над Арсими и сигурно домаќините би биле пресреќни ако го повторат тој резултат. Арсоми во последните пет кола претрпе четири порази, а го победи Вардар, што само се потврдува дека се работи за екипа со неконстантна игра.

На вториот меч кој ќе се игра денеска, победникот е предвреме познат, затоа што Шкупи е отпишан и со само еден освоен бод веќе и официјално нема шанси да се спаси од испаѓање. Струга ТЛ со победа над Шкупи ќе дојде до 55 бодови, само шест помалку од лидерот Вардар, што значи дека и стружани ќе останат во трка за титулата.

Огромен пожар на стадион во Бразил (Видео)

ГОЛЕМ пожар го оштети покривот на велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро, но самата велосипедска патека не беше зафатена од пламен. Олимпискиот музеј се наоѓа во таа зграда, која беше една од клучните арени на Игрите во 2016 година, пишува Би-Би-Си.

Државната воена противпожарна служба на Рио де Жанеиро соопшти дека пожарот бил пријавен во 4:17 часот наутро по локално време во среда. Околу 80 пожарникари со 20 противпожарни возила биле испратени на терен. Пожарот е ставен под контрола, а официјалните лица потврдија дека нема опасност од негово ширење во други делови од Олимпискиот комплекс. Во инцидентот нема повредени.

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалиере, изјави дека првичните проценки покажале дека патеката не претрпела никаква штета.

„Таа останала недопрена и добро зачувана. Очигледно, ќе има чистење и одредено одржување пред да можеме да го прогласиме велодромот повторно за работа“, додаде тој. Потполковник Фабио Контреирас за CNN Бразил изјави дека пожарникарите се обидувале да ги заштитат и артефактите во музејот за време на интервенцијата. Ова не е прв пат покривот на велодромот да биде оштетен од пожар. Два слични инциденти се случија во 2017 година, двата со паѓање на фенери.

Зголемени квоти за победи на Фенербахче, Милано, Астон вила, Порто, Кристал палас, Мајнц, Рајо, ОФК Београд…

Зголемени коефициенти од четири различни спортови има во денешниот Супер тип на Sport Life. Секако фудбалот повторно е најзастапен со седум натпревари. Раков , Рајо Валјекано и ОФК Београд да победат на свој терен имаат зголемени коефициенти меѓу 2.11 и 2.18.

Во мечевите од европските купови Порто, Кристал Палас и Мајнц се фаворити да слават на свој терен против Нотингем, Фиорентина и Стразбур. Единствен гостин кој е во улога на фаворит е Астон вила кај Болоња.

Во понудата има четири тениски мечеви, три хокеи дуели и две кошарки од Евролигата.

Луис Енрике жали што ПСЖ не победи поубедливо против Ливерпул

Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак и на свој терен со 2:0 славеше против гигантот Ливерпул. По мечот, тренерот на Светците, Луис Енрике беше задоволен од победата, но по малку беше и разочаран што триумфот не е поубедлив. Тоа е и нормална реакција, ако се знае дека францускиот првак постојано доминираше на теренот, напаѓаше, создаваше шанси, додека противникот не упати ниту еден удар во рамките на голот на домаќините.

„Одигравме фантастичен меч пред нашите навивачи и криво ми е што заврши само 2:0. Одигравме одлично и едноставно заслуживме да постигнеме повеќе голови. Ова е Лига на шампиони и среќни сме, но знаеме дека ни следува и реванш. Без разлика што сега ќе одиме на гости, нашата цел ќе биде иста, а тоа е да победиме и таму. Реваншот ќе го играме на еден историски стадион и затоа треба да бидеме максимално подготвени“, рече Енрике по победата на ПСЖ против Ливерпул.

Реваншот ќе се игра на 14 април.

Одличен вкупен коефициент на петте меча од понудата во Квоти на ден

Четири фудбалски дуели и еден кошаркарски меч се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент е 43.21.

Рајо Валјекано на свој терен игра против АЕК, а потребно е во првото полувреме да нема повеќе од два гола, а во вториот дел да бидат постигнати 2+ погодоци за да биде добитна квотата од 2.40.

Во кошаркарската Евролига, Милано да води на полувреме и на крајот да слави против Баерн Минхен се вреднува со коефициент од 1.90.

Кристал палас и Фиорентина треба да си дадат барем по еден гол и најмалку еден погодок да има во второто полувреме, комбинација што носи квота од 2.15.

Победник треба да има на мечот меѓу Болоња и Астон вила во средба на која нема да биде постигнат повеќе од еден гол во второто полувреме, што носи коефициент од 2.05.

Во второто полувреме треба да има повеќе голови од првото за да биде добитна квотата од 2.15 на дуелот меѓу Порто и Нотингем Форест.

Арне Слот: Треба да сме среќни што загубивме само со 2:0

Англискиот гигант Ливерпул беше немоќен на синоќешното гостување кај Пари Сен Жермен и загуби со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони. Ливерпул во секој поглед беше во подредена ситуација. ПСЖ имаше 74 отсто посед на топка, Светците упатија дури 18 шута кон голот на Ливерпул од кои шест беа во рамките на голот.

Од друга страна, Ливерпул со само 26 отсто посед на топка едноставно немаше шанса да создаде шанса за погодок, па дури англискиот тим не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Тоа го знае и тренерот Арне Слот кој признава дека поразот од 2:0 е дури и прифатлив за нив.

„Ако го анализираме целиот меч, ние треба да бидеме среќни што загубивме само со 2:0. Противникот имаше многу повеќе шанси. Првиот гол ни падна тешко затоа што немаше некоја акција, но потоа имаа многу шанси да дадат повеќе погодоци. Доброто за нас е што уште сме во игра, а реваншот се игра на „Енфилд роуд“, а многу добро знаеме каква разлика може да направи тој стадион“, рече Слот.

Ливерпул го претрпе третиот пораз во низа во сите натпреварувања, а петти пораз во последните осум меча. Тренерот Слот имаше пофални зборови за голманот Мамардашвили кој со своите интервенции го спаси Ливерпул од дебакл во Париз.

„Мамардашвили имаше многу добри одбрани. Тој покажа дека е важен играч во нашиот тим. Го гледав и мечот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен и видов како бранеше Мануел Нојер. Едноставно мора да се има ваков голман во оваа фаза од натпреварувањето. Тешко беше но Мамардашволи беше тука за нас кога беше најпотребно. Немавме многу можности да создадеме шанси за погодок. Противникот играше во жестоко темпо“, анализираше Слот.

Реваншот од ова четвртфинале ќе се игра на 14 април во Ливерпул.

Ханси Флик: Атлетико требаше да добие црвен картон, а ние пенал, зошто служи ВАР системот!?

Барселона беше сопрена на „Камп ноу“ откако со 0:2 загуби од Атлетико Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лига на шампиони. Каталонскиот гигант важеше за фаворит посебно поради тоа што пред само неколку дена го победи Атлетико во Мадрид, но сега загуби пред своите навивачи. Тренерот на Барселона, Ханси Флик е разочаран од резултатот, но не губи надеж дека неговиот тим може да оди во полуфиналето.

„Загубивме 2:0, но уште имаме шанси да победиме во Мадрид на реваншот. Нема да се предадеме додека имаме шанса. Ние сме Барселона, ние се бориме. Не се предаваме. Мора да мислиме позитивно. Знам дека сите се разочарани, од навивачите, ние како стручен штаб, играчите, но ќе се бориме и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто“, рече Флик, кој потоа продолжи да ги анализира одлуките на ВАР системот и тоа како реагира техничката помош за судиите. По ВАР реакција, Кубарди доби црвен картон пред крајот на првото полувреме, додека реакција од собата за техничка поддршка немаше во второто полувреме кога фудбалерите на Барселона бараа пенал за нив.

„Не сум сигурен дали фаулот на Кубарси постоеше и дали е тоа за црвен картон. Топката беше зад играчот на Атлетико. „Зошто постои ВАР системот. Кога играчот на Атлетико Мадрид ја допре топката при изведувањето на топката од шеснаесетникот, зошто немаше ВАР систем? Тоа е неверојатно. Сите правиме грешки и тоа е нормално. Но не можам да разберам зошто немаше ВАР. Голманот ја изведе топката, а потоа дефанзивецот со рака ја допре топката. Во нормална ситуација тука ќе беше пенал за нас и црвен картон за противникот. Всушност втор жолт картон и исклучување. Во второто полувреме игравме добро иако имавме играч помалку“, реагираше Флик по завршување на синоќешниот дуел.

Денвер во ерата на Јокиќ никогаш претходно немал ваква серија (Видео)

Денвер нагетс го победи Мемфис гризлис со 136:119 и стигна до десетата победа во низа. Откако Јокиќ е во Денвер, клубот прв пат има ваква двоцифрена серија на победи. Нагетси беа фаворити и пред мечот, но се мачеа да го скршат отпорот на младиот и шутерски расположен тим на Мемфис. Гостите на полувреме водеа со 74:68, а дури во третата четвртина Денвер заигра како што посакуваше, па по водството на Мемфис од 78:70, домаќините со серија од 14:2, ја преземаа контролата на резултатот, а потоа стигнаа и до сигурна предност од 13 разлика (107:94) во пресрет на последните 12 минути.

Клупскиот рекорд по бројот на победи на Денвер е 15, што значи дека потребни се уште пет триумфи да се достигне тоа постигнување поставено во 2013 година. Во ерата на Јокиќ, Денвер три пати стигнувал до девет победи по ред, а сега прв пат успеа да стигне до двоцифрен број на триумфи. Токму Јокиќ повторно стигна до трипл-дабл со 14 поени, 16 скокови и 10 асистенции и тоа остварени за само 31 минута поминати на теренот. Со Јокиќ на теренот, Денвер имаше плус од 24 поени, а ова е 89 пат во кариерата да стигне до трипл-дабл пред да започне последната четвртина.

Дури осуммина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џемал Мареј со 26 поени, додека Камерон Џонсон додаде 18 поени. Сега Денвер има скор од 52 победи и 28 порази и е во обид да го задржи третото место на Западната конференција за кое уште се борат ЛА лејкерс и Хјустон рокетс.

Резултати од мечевите кои се одиграа ноќеска: Кливленд – Атланта 122:116, Детроит – Милвоки 137:111, Орландо – Минесота 132:120, Денвер – Мемфис 136:119, Сан Антонио – Портланд 112:101, ЛА клиперс – Оклахома 110:128, Феникс – Далас 112:107.

 

Симеоне откри како Атлетико успеа да ја победи Барселона на „Камп ноу“

Атлетико Мадрид има драгоцена предност од 2:0 против Барселона по првиот меч во четвртфиналето на Лига на шампиони. Тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне беше пресреќен по победата, потенцирајќи дека само со сплотена тимска игра може да се сопре противник како што е Барселона.

„Атлетико Мадрид долго време немаше победа на овој стадион. Тука секогаш играме многу тешко. Веројатно Барселона е најдобриот тим во Европа заедно со ПСЖ и Баерн Минхен. Благодарение на колективната игра, успеавме да ги победиме во многу важен момент за нас. Вториот гол ни даде дополнителна сигурност и самодоверба. Жалам што не успеавме уште повеќе да ја искористиме предноста од играч повеќе на теренот. На овој меч бевме максимално фокусирани и концентрирани“, задоволно коментираше Симеоне.

Предводникот на Атлетико знае дека има капитална предност, но сепак дека уште ништо не е готово и неговоиот тим ќе мора и во реваншот да одигра максимално сконцентрирано.

„Знаеме дека уште ништо не е готово. Ќе се обидеме пред нашите навивачи да одиграме уште еден добар натпревар. На нашиот терен секогаш имаме дополнителна предност благодарение на помошта од трибините. Резултатот што го остваривме е добар, но противникот со сигурност ќе направи да се намачиме и на реваншот“, додаде Симеоне.