Дома Blog Страница 118

Голманот не размислуваше многу и со тупаница го удри навивачот во глава (Видео)

Џо Рајт е голман на англискиот нисколигаш Енфилд таун, а стана популарен поради неговата реакција и снимката на која наводно удира противнички навивач за време на еден натпревар. Инцидентот се случил во петокот на „Челмсфорд сити“, а по средбата голманот морал да си замине од теренот со помош на обезбедувањето, пишува „Дејли мејл“.

Видеото, кое стана вирално, го прикажува 29-годишниот Рајт додека се подготвува да ја земе топката и да изведе голаут, кога одеднаш се сврти кон навивачите на Челмсфорд кои стоеле веднаш зад него. Потоа удрил еден од навивачите со тупаница.

Потоа тој се вратил на теренот за да го продолжи натпреварот, но имало прекин од седум минути. Според официјалниот извештај од натпреварот на веб-страницата на „Енфилд“, ниту судијата ниту помошниот судија не го виделе инцидентот, па Рајт не бил исклучен.

На видеото, кое е снимено на трибините на стадионот „Данмоу груп комјунити“, меѓу 2.200 гледачи може да се слушнат реакции по непромислениот потег на голманот. За среќа, навивачите останале смирени и никој не втрча на теренот, а по мечот, голманот во тунелот бил спроведен со обезбедување.

Спалети ги нападна фудбалерите на Јувентус: „Некои од нив излегоа како на прошетка на теренот“

Лучано Спалети, тренерот на Јувентус, не беше целосно задоволен и покрај победата со 2-0 над Џенова во 31-вото коло на Серија А. Иако тимот освои три поени, Спалети изрази незадоволство од играта, особено по паузата за одмор.

На прашањето како се чувствува што достигнал 300 победи во италијанската елита, тренерот одговори со својот препознатлив хумор:

„Што значи тоа? Дека сум прилично стар.“

Сепак, италијанскиот стручњак сериозно ги критикуваше играчите за второто полувреме и нагласи дека падот во играта не е поради замор.

„Никако. Не трениравме ниту вчера, ниту ден претходно. Играчите се вратија од националните тимови, имаа два дена слободно, потоа една и пол тренинг-сесија и пауза. Но, на теренот делуваа како да излегуваат само за статични ситуации. Не се уморни, понекогаш едноставно не си најдобрата верзија на себе.“

На крајот, Спалети се осврна и на здравствената состојба на Душан Влаховиќ и Матија Перин, кои беа заменети поради физички проблеми.

„Имаме загриженост бидејќи и двајцата почувствуваа мускулен дискомфорт и ќе направиме испитувања за да разбереме колку време ќе им треба за закрепнување“, истакна тренерот на Јувентус.

Нандо Де Коло става крај на кариерата

Францускиот кошаркарски ас Нандо де Коло ќе ја заврши својата професионална кариера по крајот на оваа сезона, потврди тој во последното интервју.

„Не реков дека ќе се повлечам ако ја освоиме Евролигата. Сега ќе бидам јасен, ова ќе биде мојата последна сезона“, изјави Де Коло.

„Размислував за тоа од почетокот на сезоната. Веќе ми е во главата дека ова ќе биде мојата последна сезона“, додаде искусниот кошаркар.

Де Коло пристигна во Фенербахче од Асвел со надеж дека може да ја освои Евролигата и на тој начин да ја круниса својата импресивна кариера.

За време на својата 20-годишна кариера ги носеше дресовите на Соле, Валенсија, Сан Антонио спарс, Торонто репторс, ЦСКА Москва, Фенербахче и на Асвел.

Де Коло има две титули од Евролигата со ЦСКА Москва и беше МВП на Евролигата, што дополнително го потврдува неговиот статус како еден од најдобрите европски кошаркари.

Дерби дуели од Бундеслигата и од Премиер лигата се новиот предизвик за играчите на Спортската прогноза

Новото, 26-то коло на Спортската прогноза нуди 13 интересни натпревари, а со Среќна 13-ка, односно 13 погодени фиксови од основната понуда, наградата е iPhone 16.

Подароци има и за оние кои ќе имаат 12 погодоци, а тоа е ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари. За 11 погодени парови добивате ваучер во вредност од 500 денари.

Главен фокус во ова коло ќе биде дербито меѓу Челзи и Манчестер сити од Премиер лигата. Овој меч на „Стемфорд бриџ“ е закажан за в недела.
Во саботата, еден од најголемите предизвици за најпопуларната бесплатна игра, Спортската прогноза, е дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен од Бундеслигата.

Типувањето е отворено до сабота до 15 часот, кога се игра првиот дуел меѓу Каљари и Кремонезе.

Ќерката на Лука Модриќ го освои првиот трофеј со Милан

Ема Модриќ, 12-годишната ќерка на Лука Модриќ, го освои својот прв трофеј во дресот на Милан, славејќи во финалето на „Гарино куп“, турнир за девојчиња до 13 години, со победа над Јувентус.

На патот до трофејот, Ема остави значителен печат, постигна гол во четвртфиналната победа против Сасуоло, а Милан во полуфиналето го победи и градскиот ривал Интер.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ посвети посебно внимание на приказната.

„Ема, исто како и нејзиниот татко, игра за Милан и е навикната да победи во дерби-средби, исто како Лука“, напиша „Газета дело спорт“.

Лука Модриќ не беше во Торино бидејќи имаше обврски со првиот тим на Милан, кој истовремено гостуваше кај Наполи. Сепак, капитенот на хрватската репрезентација го следеше финалето преку видеоврска, додека остатокот од семејството беше поддршка на Ема.

Милан истиот ден во Серија А загуби со 1-0 од Наполи, па семејното славење барем делумно му го поправи расположението на Лука Модриќ.

„Специјалите“ од Лигата на шампионите нудат одлични квоти (Фото)

Лигата на шампионите повторно го окупира вниманието на фудбалската јавност ширум Европа. Гигантскиот дуел ќе се игра на „Бернабеу“, каде што се среќаваат Реал Мадрид и Баерн Минхен, а вториот меч се игра во Лисабон, каде што Спортинг ќе го пречека Арсенал.

Како и секогаш, мечевите од ЛШ добиваат специјален третман во Sport Life со Специјален сингл.

Можете да одиграте на корнери, офсајди, фаули, да прогнозирате кој ќе постигне гол, да го комбинирате со победа на вашиот омилен тим. Има и уште „милион“ други игри, удари во рамките на голот, жолти картони, почетен удар, пенал или црвен картон…

Квотите се фантастични, а вие треба да одберете и да си создадете дополнителна возбуда следејќи ги двата дуела од ЛШ.

 

Хари Мегваер останува на „Олд Трафорд“ до 2027 година

Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, ја продолжи соработката со клубот за уште една сезона, со што неговиот нов договор ќе трае до јуни 2027 година. Претходниот договор му истекуваше на крајот од оваа сезона, но двете страни решија да останат поврзани со уште една дополнителна година.

Мегваер пристигна од Лестер сити во 2019 година и досега има одиграно 266 натпревари за Црвените ѓаволи.

„Да се биде играч на Манчестер јунајтед е чест и голема одговорност, нешто што ме исполнува со гордост мене и моето семејство секој ден. Возбуден сум што продолжувам да бидам дел од овој неверојатен клуб и што повторно ќе играм пред страсни навивачи, создавајќи нови незаборавни моменти“, изјави Мегваер.

Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти: Признанија за Лазаров, Алкалоид, Специјалната Олимпијада…

Во организација на Град Скопје и на Сојузот на спортови на Скопје, беа прогласени најдобрите спортисти во младинска и сениорска категорија, тренер и екипа за 2025 година. Исто така беа доделени награди за лица со инвалидност, како и за спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост.

Десетте најдобри во младинска категорија се:
– Филип Блажевски – Таеквондо клуб Бутел
– Андреј Ѓурчиновски – Билјард и снукер клуб Гран Клуб
– Абдул Азиз Азизи – Спортски клуб по борење Шкупи
– Ведрана Тунески – Таеквондо клуб Бутел
– Петар Цеков – Пливачки клуб Вардар 2018
– Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол
– Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол
– Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки
– Максим Митровски – Кик Бокс клуб Шампион
– Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри.

За најдобар тренер на град Скопје во 2025 е прогласен Кирил Лазаров од клубот Алкалоид. Токму РК Алкалоид од Скопје за освојувањето на ЕХФ купот за 2025 година е прогласен за најдобра спортска екипа во 2025.

Десетте најдобри спортисти во сениорска категорија се:
– Стефан Михајловски – Кикбокс клуб Прокик Фемили
– Вероника Костовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
– Катерина Ацевска – Џиу-џицу клуб Дан – Кју
– Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
– Христијан Бузалковски – Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ
– Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
– Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
– Викторија Јовановска – Карате клуб Макпетрол
– Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
– Марија Спирковска – Боречки клуб Лирија.

Во категоријата спортист за лица со инвалидност признанието отиде кај Андреј Стојаноски од пливачки клуб Вардар. Во категоријата спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост наградата ѝ е доделена на Специјална олимпијада на Македонија.

Во Куманово и во Кавадарци и денеска има прволигашки фудбал, домаќините се умерени фаворити (Фото)

Башкими во Куманово ја пречекува Брера, а Тиквеш во Кавадарци се среќава со Силекс. Со овие два натпревари стартува 26-тото коло во Првата фудбалска лига.

Домаќините се умерени фаворити, но во последниот период се случуваат и изненадувања на прволигашката сцена, со оглед дека бодовите им се потребни на сите екипи, дали во битката за врвот или за обезбедување опстанок.

„Посакуваме продолжување на позитивна серија. Тиквеш, според мене, пролетва игра одличен фудбал и така треба да продолжиме. Домашниот терен за нас секогаш е предност, навивачите секогаш за нас се „дванаесетти“ играч. Нема дилеми дека и денеска ќе дадеме 100% за да дојдеме до нови три бода и да ја направиме оваа полусезона уште поуспешна за Тиквеш“, изјави Данаил Тасев.

Во Куманово, Башкими ќе се обиде да ја победи Брера, која оваа сезона нема пораз против денешниот ривал.

„Натпреварот против АП Брера е многу важен за нас бидејќи влегуваме во клучната фаза од шампионатот. Максимално сме фокусирани и подготвени. Се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода“, изјави играчот за врска на Башкими, Фодај Травeли.

 

Фантастична Бет билдер десетка, а квотите се од 15.0 до 85.0

Десет Бет билдер комбинации се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а сите се за двата меча од четвтфиналето на Лигата на шампионите.

Интересно е дека за секој од мечевите има по четири билдери и кај сите овие комбинации квотата е 15.0. Има билдери во кои се бара победа на секој од четирите тима, па кој и да е вашиот фаворит, ќе најдете нешто по ваш вкус.

Најголемите квоти се за дневните миксови. Ќе имате добитна џиновска квота дури од 85 ако сите тимови дадат гол и ако секој тим добие барем по два картона, изведе по 4+ корнери и упати по 4 или повеќе шутеви во рамките на голот.