Дома Blog Страница 120

Ѓекереш беше херој на Спортинг, сега може да биде клучен човек во нивната елиминација

Минатиот пат кога Арсенал гостуваше кај Спортинг Лисабон, нивниот голгетер Виктор Ѓекереш го носеше дресот на португалскиот тим, па вечерашниот дуел на овие тимови од четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе биде специјален за Швеѓанецот.

Ѓекереш одлично го познава тимот на Спортинг и може на менаџерот Микел Артета да му ги открие добрите и слабите страни, а одлично го познава и теренот на „Жозе Алваладе“, каде што се изнадава голови и минатата сезона ја освои титулата во Португалија. Виктор во дресот на Спортинг даде 97 гола на 102 меча.

Не е познато како фановите на Спортинг ќе го примат Ѓекереш, во опција се и аплаузи и свирежи. Во секој случај, не може да се избрише сето тоа што Ѓекереш го направи за Лавовите.

Супер типот има дури осум зголемени квоти за европската класика

Тениски, кошаркарски и фудбалски натпревари ја сочинуваат Супер тип понудата на Sport Life за денеска, а се истакнува спектаклот Реал Мадрид – Баерн Минхен дури со осум зголемени квоти, за разлика од другите фудбалски средби, каде што има по стандардни пет опции.

Она што ја прави посебна понудата за мечот во Мадрид е што зголемени квоти имате за игри кои ги фаворизираат двата тима, па може да одиграте зависно од тоа дали верувате во Реал или во Баерн. Секако, тука се и игрите на голови каде што не мора да погодувате победник.

Како и секогаш, квотите за тениските и кошаркарските мечеви се такви што многу реално се добитни, па и тие се привлечни за играње како џокери за подобрување на можбата добивка на тикетите уплатени во Sport Life.

Баварците негодувале, но Реал – Баерн ќе се игра со затворен покрив

Реал Мадрид ја продолжува праксата на најважните натпревари на свој терен да ги игра со затворен покрив на стадионот „Бернабеу“. Така ќе биде и вечерва против Баерн Минхен, повторно пред светот ќе се пофалат со подвижниот покрив и ќе се игра во затворен простор, и покрај тоа што германскиот клуб наводно го изразил своето незадоволство до УЕФА.

Баварците се бунеле наведувајќи ги воздушниот притисок како и бучавата и влијанието врз животната средина што произлегува од тоа. 

Според член 51 од правилниците на Лигата на шампионите, одлуката за отворање или затворање на покривот пред натпреварот е на делегатот на УЕФА и судијата, но управното тело на европскиот фудбал лесно му дозволува на сопственикот на стадионот да ја донесе одлуката, освен ако нема лоши временски услови или генерално ако тие се појават по почетокот на натпреварот.

Реал Мадрид, не случајно, објави и слика на своите социјални мрежи, на која се гледа стадионот обвиен во облаци за време на полуфиналниот натпревар против Баерн пред две години. 

Со петте Квоти на денот уплатата ја множите со 40

Вкупен коефициент од 40.79 добивате со денешните пет Квоти на денот кои ги нуди Sport Life.

Како за почеток, ве чека квота од 2.15 за предлогот да уплатите дека КФУМ Осло ќе даде еден до два гола во првото полувреме против Сандефјорд.

Квота од 2.05 се предлага за комбинацијата 0-1 гол во прво и 1-3 во второ полувреме на средбата Нордсјиланд – Брондби.

Да има победник на дуелот Рексам – Саутхемптон и притоа во првото полувреме да не падне повеќе од еден гол, носи квота од 2.10.

Ако верувате дека Спортинг Лисабон нема да го победи Арсенал и дека на овој меч ќе паднат 1-3 гола, искористете ја квотата од 2.05 за оваа игра.

Доколку имате дилема што да уплатите на европската класика Реал Мадрид – Баерн Минхен, можеби ќе ви помогне предлогот на Sport Life, а тоа е Баварците да не дадат гол во првото полувреме, што носи квота од 2.15.

Милан се откажува од титулата, Конте го пофали Елмас

Победата на Наполи против Милан од 1-0 значеше дека на седум кола до крајот, лидерот Интер сега има убави седум бода предност пред второпласираниот тим на табелата во Серија А.

Тренерите на Наполи и Милан, Антонио Конте, односно Масимилијано Алегри, истакнаа дека главна цел им е обезбедување место во Лигата на шампионите.

„Оваа победа ни дава голем ентузијазам и самодоверба бидејќи никогаш не смееме да заборавиме дека ако сме на второто место, тоа е благодарение на момците кои ги надоместија сите наши порази оваа сезона. Хојлунд го немаше, а пред тоа Ди Лоренцо, Рахмани, Нерес и Вергара отсуствуваа долго време, а ова се пет играчи кои се речиси сите клучни. Неверојатно е што тимот остана на врвот и покрај сите проблеми. Секој друг тим ќе се распаднеше. Елмас беше клучен играч сезонава додека имавме многу отсутни. Тоа би го рекол и за Мацоки и Беукема. Неизбежно е дека колку повеќе играчи имаме на располагање, толку повеќе опции ќе имаме и толку повеќе ќе можеме да ги ротираме за да ги одржиме сите во форма. Направивме голем чекор кон Лигата на шампионите, што е нашата цел. Ако Милан тврди дека Лигата на шампионите е нивна цел, зошто не може и Наполи? Во Јувентус имаат исти амбиции. Интер заслужува да биде прв на табелата. Го сакаме Скудетото, но треба да бидеме реални, треба да ги добиеме сите мечеви до крај, а Интер да киксира повеќе од еднаш, што делува речиси невозможно“, рече Конте.

Неговиот колега Алегри од Милан изјави дека трката за титулата „не е за Милан“. Интер им бега девет бода, а имаат само шест бода повеќе од Јувентус, кој е петти, и им претстои голема битка за првите четири места кои водат во ЛШ.

Огромна радост, по 65 години се пласираа во англискиот Чемпионшип

Линколн сити обезбеди промоција во англискиот Чемпионшип по драматичната победа од 2-1 над Рединг во 42-рото коло од англиската Лига Еден (трета лига по квалитет во Англија).

Решавачкиот гол беше постигнат во продолжението во 96-та минута и ја обезбеди историската победа. Така Линколн стана првиот клуб во четирите професионални нивоа во Англија, што официјално обезбеди промоција оваа сезона. Пет кола пред крајот на сезоната, тимот од Линколншир не може да падне под првите две позиции на табелата.

Ова го означи враќањето на клубот во втората лига на англискиот фудбал за првпат од 1961 година, со што заврши 65-годишното чекање тимот да се врати во Чемпионшип. Само Кру Александра имала подолга пауза помеѓу два настапи на ова ниво, со отсуство од 102 години помеѓу 1895 и 1997 година.

Линколн, кој е основан во 1884 година, никогаш не бил дел од Премиер лигата и можеби тоа ќе им претставува следната голема цел, но во моментов не се мисли на тоа, слават и уживаат во пласманот во Чемпионшип.

Мемфис погоди дури 29 тројки, а загуби со 16 разлика, со разигран Јокиќ невозможен е пораз

Екипата на Мемфис гризлис го изедначи НБА-рекордот по бројot на погодени тројки, уфрлија дури 29 тројки против Кливленд, но на крајот тоа беше џабе бидејќи Кавалирс победија со 142-126.

Гризлите имаа 59 обиди за тројка, а погодија 29 пати, девет различни играчи погодија барем по еден шут за три поени. По десет тројки реализираа во првата и последната четвртина, имаа само три во втората и шест во третата, но одиграа слабо во одбраната и го претрпеа 18-тиот пораз на последните 20 натпревари. Кливленд втора сезона по ред доаѓа до бројка од 50 победи во регуларната сезона.

Денвер нагетс дојде до деветтата победа едноподруго, овојпат го совлада Портланд со 137-132 по продолжение од пет минути, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл (33-ти сезонава) од 35 поени, 13 скока и 13 асистенции. Блејзерс имаше 16 поени предност на почетокот на последната четвртина, но Денвер предводен од Јокиќ се спаси од пораз. Портланд погоди 25 тројки, што е нивен клупски рекорд.

Сан Антонио ја совада Филаделфија за 60-та победа сезонава на Спарс, но лоша вест за нив е што Виктор Вембањама се повреди во пределот на ребрата, но не се знае колку време ќе отсуствува. Надигран беше и лидерот на Истокот, Детроит, кој загуби од Орландо. Пистонс играа без осуммина кошаркари и имаа 21 загубена топка, па Паоло Банкеро (31 поен) и другарите го искористија тоа.

Милионите не значат ништо: Дани Олмо останува во Барселона!

Дани Олмо има договор со Барселона до 2030 година, но Шпанецот во последно време нема голема минутажа кај Ханси Флик, па неколку екипи сакаат да го искористат тоа и да го откупат неговиот договор.

Прв во такво нешто се обидел Микел Артета, кого го посакуваат во Арсенал, но веднаш добил негативен одговор, а сличен одговор би добил и Пеп Гвардиола. Јасно е дека и Манчестер сити го посакува Шпанецот, но и таков трансфер нема да се случи.

Најшокантна е понудата од арапскиот клуб Ал-Кадисија, од каде што Олмо имал на маса четиригодишен договор според кој би заработувал по 9,5 милиони евра годишно нето.

Одговорот бил јасен: Олмо сака да остане во Барселона и не го интересираат милионите на другите екипи.

Винисиус: „Јас и Јамал сме богати, но мора да се бориме за сиромашните во светот“

Sвездата на Барселона, Ламин Јамал, неодамна беше гласен и ги критикуваше навивачите кои скандираа против Муслиманите на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и Египет. Тој доби поддршка и од ѕвездата на вечниот ривал, Винисиус, кој долго е на удар на расизам.

„Многу е важно Јамал за ова да зборува бидејќи тоа може да им помогне на другите. Ние сме познати, имаме пари и полесно се носиме со тоа, но сиромашните и црномурните луѓе во светот сигурно се борат повеќе од нас. Затоа ние, кои сме гласни, мора да се држиме заедно“, порача Винисиус.

Навивачите на мечот помеѓу Шпанија и Египет скандираа: „кој не скока тој е Муслиман“, со очигледна намера да ги навредат гостите, но меѓу погодените се најде и Ламин Јамал.

Политано е џокерот на Конте: Наполи го победи Милан и се искачи на второто место (Видео)

Матео Политано е херојот на Наполи во победата од 1-0 над Милан. Џокерот кој Антонио Конте го уфрли во игра во 74-тата минута, само пет минути подоцна донесе голема победа која значи прогрес на Наполи до второто место на табелата.

Наполи сега има 65 бода, седум помалку од лидерот Интер, а Милан падна на третото место со 63 поени.

Елиф Елмас беше уфрлен во игра во 85-тата минута, во моментите кога Милан жестоко напаѓаше за да го израмни резултатот.