Дома Blog Страница 125

Главните мечеви се во Серија А

3009 Јувентус – Џенова (18 ч.)

Јувентус на свој терен има само еден пораз од 15 меча и во просек постигнува по два погодока. Џенова е тим кој на крајот ќе биде задоволен со опстанок во лигата и реално има мали шанси да остане непоразен на гостувањето во Торино.

Јувентус има три победи по ред во дуелите со Џенова, а Џенова повеќе од 400 минути нема дадено ниту еден гол во дуелите со Старата дама.

Предлог тип: 1&3+ (2.23)

 

3010 Наполи – Милан (20:45 ч.)

Дербито на денот се игра во Неапол меѓу третиот и вториот на табелата во Серија А. Наполи е единствениот тим кој сезонава нема пораз на свој терен во италијанското првенство (10 победи и четири нерешени). Милан е вториот најдобар тим на гостински терен со 32 освоени бода во 15 меча.

Последните четири дуела на овие ривали завршиле со три победи на Наполи и една радост за Милан, а секогаш имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.80)

 

1310 Жирона – Вилјареал (21 ч.)

Вилјареал е тим кој сигурно ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, но Жолтата подморница секако дека сака да заврши и пред Атлетико Мадрид на крајот на табелата. Жирона има пет бода повеќе од Елче, кој е во зоната за испаѓање.

Вилјареал ги доби трите од последните четири меча со овој ривали и според актуелната форма на двата тима, „двојката“ е многу поизвесна.

Предлог тип: 2 (2.26)

 

1661 Гент – Мехелен (18:30 ч.)

Две екипи кои се борат за место кое води излез во Европа. Гент нареди три победи по ред, а и традицијата во меѓусебните дуели вели дека има четири победи и две нерешени во последните шест пресметки против Мехелен.

На пет од тие шест меча двата тима давале барем по еден гол, а дури четирипати било со 4+ погодоци, што е најава за возбудлив дуел со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

1020 Хал – Ковентри (21 ч.)

По 40 кола во Чемпионшип, екипата на Ковентри е убедлив лидер дури со 83 бода, што е 11 повеќе од второпласираниот Милвол. Едноставно овој тим граби кон Премиер лигата, но вечерва гостува кај Хал, кој е во борба за Топ 6 на табелата и да се бори преку плејофот да влезе во елитната англиска лига.

Ковентри игра многу офанзивно, во просек постигнува над два гола, а прима барем еден, па може да биде дуел со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

Алкарас веќе не може да молчи: Ова е претерано!

На тениската сцена од денеска во фокус ќе бидат натпреварите на Мастерсот во Монте Карло, каде што секако дека најголеми фаворити за освојување на трофејот се првиот тенисер во светот според АТП-листата, Карлос Алкарас, од една страна и Италијанецот Јаник Синер, кој е во одличен ритам и во претходниот месец освои два вредни трофеја.

Освен за тоа што ќе се случува на теренот, тенисерите сега ќе мора да внимаваат и додека се во соблекувалната затоа што и таму ќе има поставено камери да ги следат буквално сите чекори на спортистите.

„За навивачите тоа би било одлично. Ќе може да видат што се случува зад сцената, да видат како изгледаат тие места. Сепак, за нас тенисерите тоа ќе биде малку чудно затоа што ќе нема веќе каде да се релаксираме. Сега постојано ќе размислуваме каде сè има камери што снимаат и пренесуваат низ целиот свет. Тие камери се толку блиску што дури може да забележат што точно гледаме на нашите телефони. И онака немаме многу приватност, па мислам дека ова е премногу. Треба да имаме простор каде што ќе бидеме сами, а не постојано да бидеме снимани“, револитрано реагираше Алкарас, кој во Монте Карло ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

 

Зголемени коефициенти за победи на Јувентус, Бриж, Аталанта, Комо, Вилјареал…

Фудбал и само фудбал и во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат уште напладне, кога од 12:30 часот на мегдан ќе излезат Удинезе и Комо. Ако се погледнат резултатите од последните пет кола, Комо е перфектен со пет победи, па затоа за победа на гостите квотата е зголемена на 1.82.

Од гостинските екипи како фаворити со зголемени коефициенти има само уште четири. Аталанта да победи кај Лече е со квота од 1.86, Лестер да слави во Шефилд против Јунајтед е 1.60, а над два квота има за победите на Мидлсборо и на Вилјареал против Свонси, односно против Жирона.

Од домашните клубови, Јувентус да слави над Џенова е со квота од 1.47, а Бриж да го победи Андерлехт е 1.54.

ПСЖ тргна во офанзива да ја „украде“ ѕвездата на Барселона, но доби неочекуван одговор од „Камп ноу“

Францускиот првак Пари Сен Жермен и официјално испрати понуда до Барселона за Френки де Јонг, а од каталонскиот гигант веднаш стигна одговор, кој нема многу да им се допадне на парижаните. Актуелниот европски првак е подготвен да даде 55 милиони евра за да го откупи договорот на Де Јонг, но Барселона не размислува да се откаже од холандскиот репрезенаттивец за сума помала од 70 милиони евра.

Освен што бара значително повисока сума од тоа што нуди ПСЖ, Барселона условува целата сума да биде исплатена веднаш, а не на рати како што вообичаено е пракса.

Де Јонг веќе неколку години важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Барселона. Главни квалитети му се техничката подготвеност, како и одличниот преглед на играта и креативноста што посебно се цени во денешниот фудбал.

Барселона веќе подолг период се соочува со финансиски проблеми, но очигледно дека не сака да се откаже од Де Јонг во скоро време затоа што условите кои ги постави на ПСЖ, според многумина се нереални.

Сите пет понуди во Квотите на денот имаат коефициент од 2.10

Да тргне понеделнички, петте меча кои се дел од традиционалната понуда во Sport Life се од Топ 5 лигите. Тоа што е карактеристично е дека на сите пет натпревари коефициентот што се нуди е 2.10, што значи дека ако сите пет меча се одиграат на еден тикет, вкупната квота која ќе ја добиете е 40.84.

Комо гостува кај Удинезе и тука е потребно гостиниот кој е во супер форма и има пет победи по ред во Серија А, сега да постигне меѓу два и четири погодоци.

Аталанта не треба да загуби на гостувањето кај Лече во дуел на кој тимот од Бергамо е потребно да постигне 2+ погодоци.

На дуелот меѓу Јувентус и Џенова по првото полувреме треба да водат домаќините или гостинот, а на крајот победата да биде за Старата дама.

Наполи и Милан играат во дербито на денот, а понудата е Наполи на полувреме да има предност или барем на крајот да победи.

Победник е потребно да има на дуелот меѓу Жирона и Вилјареал, а на крајот да бидат постигнати 3+ погодоци за на овој меч да биде добитна понудената квота од 2.10.

Одлични вести за Ханси Флик: Клучен фудбалер се враќа за градското дерби против Еспањол

Барселона по победата над Атлетико Мадрид (1-2) и по поразот на Реал Мадрид на гостувањето кај Мајорка (2-1) веќе има плус седум во однос на вечниот ривал, па сега погледите се насочени кон новиот дуел против Јорганџиите, овојпат во Лигата на шампионите.

Сепак, додека Каталонците се подготвуваат за мечот против Атлетико, Ханси Флик доби одлични вести, и тоа за натпреварот против Еспањол во Ла Лига. За дуелот следниот викенд се враќа повредениот Френки де Јонг, па Германецот ќе има опција плус во средниот ред.

Холандскиот репрезентативец последниот настап го имаше против Леванте на 22 февруари, а оттогаш пропушти осум меча.

Историски подвизи на дебитантот кој ќе биде новиот Лука Дончиќ (Видеo)

Купер Флег, дебитантот во тимот на Далас маверикс, кого го прогласија за наследник на Лука Дончиќ, и одигра историски меч во НБА лигата и тоа втора вечер по ред. Откако неверојатно постигна 51 поен на мечот против Орландо и стана најмладиот играч кој ја надминал границата од 50 поени, ноќеска уште еднаш блесна и постигна 45 поени во победата над Лос Анџелес лејкерс од 134:128.

Со оваа победа, Далас ја прекина серијата од 14 порази по ред, што е најдолга губитничка низа во последните 32 години во клупската историја. Покрај 45-те поени, Флег имаше и осум скокови и девет асистенции, а е првиот дебитант кој два меча во низа постигнува над 45 поени по Ален Ајверсон во сезоната 1996/97.

Освен тоа, Флег надмина и еден рекорд кој беше во сопственост на Леброн Џејмс. Ова е четврти меч на којшто тој постигнува 40+ поени, нешто што претходно не му успеало на ниту еден тинејџер. Леброн како тинејџер трипати стигнуваше до бројката од 40+ поени. Неколку достигнувања на Флег се уште од времето кога играа Вилт Чемберлен и Карем Абдул-Џабар.

На дуелот меѓу Далас и ЛА лејкерс првпат се случи еден тинејџер и еден 40+ години кошаркар да имаат 30+ поени на ист натпревар затоа што покрај 45-те поени на Флег, Леброн заврши со 30 поени, но Лејкерс не успеа да победи на гости кај еден од најлошите тимови сезонава.

Резултати од мечевите одиграни ноќеска: Бостон – Торонто 115:101, Бруклин – Вашингтон 121:115, Чикаго – Феникс 110:120, Милвоки – Мемфис 131:115, Кливленд – Индијана 117:108, Минесота – Шарлот 108:122, Њу Орлеанс – Орландо 108:112, Оклахома – Јута 146:111, Далас – ЛА лејкерс 134:128, Сакраменто – ЛА клиперс 109:138, Голден стејт – Хјустон 116:117.

Кимих: Хари Кејн против Реал Мадрид би играл и во инвалидска количка

Хари Кејн е фудбалерот кој сезонава блеска и е вистински предводник на Баерн Минхен во освојување на нова титула во Бундеслигата. На последниот меч Кејн не играше, а Баерн со неверојатен финиш стигна до победа од 3:2 на гостувањето кај Фрајбург. Германскиот гигант покажа дека може и без Кејн во составот да направи пресврт и да победи, но сепак следниот предизвик за Баерн е многу поголем затоа што ќе го игра првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Баерн денеска ќе тренира на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а утре ќе излезе на мегдан против 15-кратниот европски првак. Околу дилемата дали Кејн ќе биде подготовен да настапи против Реал, со реакција се јави Џошуа Кимих.

„Реално не знам каква му е ситуацијата во моментов, но се надевам дека ќе биде подготовен за дуелот во вторник во Мадрид. Мислам дека тој нема дилеми и дека би играл дури и да е во инвалидска количка. И да чувствува некои болки, сигурно ќе стегне заби и ќе биде на теренот во Мадрид“, рече Кимих за тоа дали Кејн ќе игра против Реал.

Кејн сезонава одигра 40 натпревари во сите конкуренции, а постигна 48 гола, што значи дека во просек постигнува по еден погодок на секои 67 минути поминати на теренот.

Ја „фаулираа“ судијката, па не се ни обидоа да ѝ помогнат при незгодниот пад (Видео)

Несекојдневен настан на меч од третолигашката конкуренција ја шокираше спортската јавност во Турција. На мечот помеѓу лидерот Бурсаспор и третопласираниот Мардин, двајца фудбалери имаа дуел крај аут-линијата, а во целата ситуација најмногу настрада помошник-судијката Есра Арикбога, која се најде на земја и целата во кал.

Двајцата фудбалери веднаш станаа и се вратија во теренот за игра, а ниту еден од нив воопшто не се потруди да ѝ помогне на судијката. Единствениот кој веднаш ѝ пријде беше главниот судија на мечот.

Токму ваквиот потег ја згрози фудбалската јавност во Турција, а ситуацијата беше оценета како неџентлменска.

 

Со гол од пенал во 101 минута кој предизвика многу дилеми, Фенербахче го доби истанбулското дерби (Видео)

Фенербахче минимално со 1:0 го победи големиот градски ривал Бешикташ во големото истанбулско дерби во рамките од 28 коло на турското првенство. Голот на одлука беше постигнат буквално во последните моменти од мечот, односно во 101 минута.

Одлуката да се досуди пенал предизвика многу полемики и дискусии затоа што нема чист агол од кој може да се процени дали фаулот е направен надвор од шеснаесетникот или внатре во казнениот простор. Факт е дека фаулиран беше крилниот напаѓач на Фенербахче, Нене, а судиите од ВАР собата утврдија дека има елементи за пенал.

Оваа ситуација може да ја видите ТУКА.

Сигурен реализатор беше Керим Артукоглу за победа со која Фенербахче стигна до 63 бодови и сега има само еден помалку од лидерот Галатасарај, но првопласираниот тим има и меч помалку. Бешикташ остана на четвртото место со 53 бодови и е далеку од трката за титулата.

Фенербахче чека да се израдува на шампионска титула во Турција уште од далечната 2014 година.