Дома Blog Страница 124

На Барса и Атлетико им се стемни кога видоа кој ќе им суди в среда

УЕФА го одреди Иштван Ковач за главен судија на четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

УЕФА високо го цени Иштван Ковач, кој го судеше и ланското финале на ЛШ во кое ПСЖ го победи Интер и ја освои својата прва титула. Романецот е еден од најдобрите фудбалски судии на светот, но Барса и Атлетико во минатото имаа лошо искуство кога овој арбитер им делеше правда.

Судијата Ковач е вистинска ноќна мора за Јорганџиите од МадридТие никогаш не победиле на натпревар што го судел Романецот. Оваа сезона тој им судеше при ремито 1-1 во Истанбул со Галатасарај, каде што им покажа четири жолти картони на играчите на Атлетико. 

Уште му го паметат поништениот гол на натпреварот од Светското клупско првенство против ПСЖ. По тој меч, тренерот Диего Симеоне му беше доста лут на Ковач.

Единствениот пат кога Ковач судел натпревар на Барселона во ЛШ, тие дома загубија со 1-4 од ПСЖ. Тој, исто така, го судеше и нивниот натпревар од Лигата на Европа против Наполи, кој заврши нерешено 1-1.

Значи, ниту Атлетико Мадрид, ниту Барселона досега не победиле на натпревар суден од романскиот судија

Викенд со серија чудни резултати во македонскиот спорт

Викендов во Првата македонска фудбалска лига и кошаркарската Суперлига имаше неколку резултати кои изненадија многумина.

Честитки за екипите на Пелистер, кој во Тетово ја победи Шкендија, и за Работнички, кој славеше на гости кај Струга Трим Лум. Вакви исходи тешко дека може да се случат пред некој месец, но сега, кога на тимовите им гори под нозе, знаат да направат и чуда.

Шкендија се бори за титула, но на свој терен потклекна пред битолчани, на кои бодовите им требаат за да останат прволигаши. Работнички многумина го видоа како сигурен второлигаш покрај Шкупи, но Романтачарите се преродија периодов и имаат четири победи по ред, го напуштија претпоследното место, но уште се загрозени од директно испаѓање.

И во кошарката имаше чудни резултати, незамисливи до пред некое време. Но, кога некому му треба победа по секоја цена, може да победи и фаворит.

Последното коло од регуларниот дел во суперлигашкиот макбаскет донесе многу возбуда бидејќи неколку тимови се бореа за место во топ 6. Најдобрите три тима во лигата претрпеа порази. Лидерот ТФТ е прегазен од Тиквеш (само трети пораз на Црно-белите, првите два беа од МЗТ), МЗТ Скопје Аеродром загуби од Чаир, што исто така е сензација, а Пелистер беше совладан од Кожув.

Најголеми губитници испаднаа кумановци, кои загубија од Работнички и останаа без шанса за плејоф, па овие два тима ќе си играат меѓу себе и наскоро во разигрувањето за опстанок.

Необично богат и атрактивен Бет билдер како за понеделник

Бет билдерот на Sport Life за денеска е необично богат и атрактивен, затоа се играат неколку интересни дуели од Топ 5 лигите, па двоцифрени квоти има за комбинации за мечевите Удинезе – Комо, Лече – Аталанта, Јувентус – Џенова, Милан – Наполи и Жирона – Вилјареал.

Кај секој од овие мечеви се бара да се исполнат по неколку услови за добивка, а за дневниот микс посветен на дуелите од италијанската Серија А (првиот меч е веќе од 12.30 часот), билдерот е со квота дури од 100.0. Потребно е да има барем по два гола на секој денешен меч, како прв од четирите услови за оваа комбинација да биде добитна.

Шоуто може да почне: Кој ќе погоди најмногу мечеви, добива 120.000 денари!

Кога играте во Sport Life, знаете дека постојано следуваат изненадувања со нови акциски понуди. Од денеска, 6 април, до 10 мај започнува петнеделниот предизвик за освојување 120.000 денари. Акциската игра „До 50 шанси за 120.000 денари“ ќе се игра во пет неделни етапи и во секоја етапа, главната премија ќе биде освојување на речиси 2.000 евра.

Главниот предизвик е да се погодат најголем број натпревари на еден тикет. Тоа значи дека тикетот не мора да биде добитен за да биде дел од оваа акција. „До 50 шанси за 120.000 денари“ ги вклучува само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација, тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикeтите со натпревари од СУПЕР ТИПОТ уплатени со приложување на СЛ Клуб картичка.

Главната премија од 120.000 денари ќе ја добие оној обложувач кој има погодено најголем број натпревари од вкупниот број типувани на тикетот (без разлика дали тикетот е добитен или не е). Доколку двајца или повеќе играчи имаат погодено еднаков број натпревари на тикет, втор услов e висината на погодениот вкупен коефициент на натпреварите.

За сите детали околу правилата и начинот на игра може да ПРОЧИТАТЕ ТУКА.

Капитенот на Ливерпул им се извини на навивачите и даде едно ветување

На Ливерпул му остана само Лигата на шампионите во обид сезоната да ја заврши со освоен трофеј. Англискиот гигант нема шанса да се бори за одбрана на тронот во Премиер лигата, а во саботата доживеа нокаут и со 4:0 беше елиминиран во четвртфиналето на ФА купот.

Токму тој убедлив пораз од Сити беше причина со реакција да се јави и капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој упати извинување до навивачите.

„Навивачите дојдоа на тоа гостување за да ни дадат поддршка и затоа јас сакам да им се извинам за тоа што го видоа таму, посебно за играта во второто полувреме. Го разбирам нивното разочарување. Оваа сезона честопати бевме во слична ситуација, да имаме шанси да не реализираме и потоа да загубиме. Сепак, 0:4 е тежок пораз и боли. Сепак, верувам дека имаме сили да ги смениме работите. Сега мора да се фокусираме на следниот меч, а тоа е дуелот против Пари Сен Жермен на гости во Лигата на шампионите“, рече Ван Дајк.

Ливерпул в среда ќе гостува во Париз на францускиот првак, во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

 

Главните мечеви се во Серија А

3009 Јувентус – Џенова (18 ч.)

Јувентус на свој терен има само еден пораз од 15 меча и во просек постигнува по два погодока. Џенова е тим кој на крајот ќе биде задоволен со опстанок во лигата и реално има мали шанси да остане непоразен на гостувањето во Торино.

Јувентус има три победи по ред во дуелите со Џенова, а Џенова повеќе од 400 минути нема дадено ниту еден гол во дуелите со Старата дама.

Предлог тип: 1&3+ (2.23)

 

3010 Наполи – Милан (20:45 ч.)

Дербито на денот се игра во Неапол меѓу третиот и вториот на табелата во Серија А. Наполи е единствениот тим кој сезонава нема пораз на свој терен во италијанското првенство (10 победи и четири нерешени). Милан е вториот најдобар тим на гостински терен со 32 освоени бода во 15 меча.

Последните четири дуела на овие ривали завршиле со три победи на Наполи и една радост за Милан, а секогаш имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.80)

 

1310 Жирона – Вилјареал (21 ч.)

Вилјареал е тим кој сигурно ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, но Жолтата подморница секако дека сака да заврши и пред Атлетико Мадрид на крајот на табелата. Жирона има пет бода повеќе од Елче, кој е во зоната за испаѓање.

Вилјареал ги доби трите од последните четири меча со овој ривали и според актуелната форма на двата тима, „двојката“ е многу поизвесна.

Предлог тип: 2 (2.26)

 

1661 Гент – Мехелен (18:30 ч.)

Две екипи кои се борат за место кое води излез во Европа. Гент нареди три победи по ред, а и традицијата во меѓусебните дуели вели дека има четири победи и две нерешени во последните шест пресметки против Мехелен.

На пет од тие шест меча двата тима давале барем по еден гол, а дури четирипати било со 4+ погодоци, што е најава за возбудлив дуел со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

1020 Хал – Ковентри (21 ч.)

По 40 кола во Чемпионшип, екипата на Ковентри е убедлив лидер дури со 83 бода, што е 11 повеќе од второпласираниот Милвол. Едноставно овој тим граби кон Премиер лигата, но вечерва гостува кај Хал, кој е во борба за Топ 6 на табелата и да се бори преку плејофот да влезе во елитната англиска лига.

Ковентри игра многу офанзивно, во просек постигнува над два гола, а прима барем еден, па може да биде дуел со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

Алкарас веќе не може да молчи: Ова е претерано!

На тениската сцена од денеска во фокус ќе бидат натпреварите на Мастерсот во Монте Карло, каде што секако дека најголеми фаворити за освојување на трофејот се првиот тенисер во светот според АТП-листата, Карлос Алкарас, од една страна и Италијанецот Јаник Синер, кој е во одличен ритам и во претходниот месец освои два вредни трофеја.

Освен за тоа што ќе се случува на теренот, тенисерите сега ќе мора да внимаваат и додека се во соблекувалната затоа што и таму ќе има поставено камери да ги следат буквално сите чекори на спортистите.

„За навивачите тоа би било одлично. Ќе може да видат што се случува зад сцената, да видат како изгледаат тие места. Сепак, за нас тенисерите тоа ќе биде малку чудно затоа што ќе нема веќе каде да се релаксираме. Сега постојано ќе размислуваме каде сè има камери што снимаат и пренесуваат низ целиот свет. Тие камери се толку блиску што дури може да забележат што точно гледаме на нашите телефони. И онака немаме многу приватност, па мислам дека ова е премногу. Треба да имаме простор каде што ќе бидеме сами, а не постојано да бидеме снимани“, револитрано реагираше Алкарас, кој во Монте Карло ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

 

Зголемени коефициенти за победи на Јувентус, Бриж, Аталанта, Комо, Вилјареал…

Фудбал и само фудбал и во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат уште напладне, кога од 12:30 часот на мегдан ќе излезат Удинезе и Комо. Ако се погледнат резултатите од последните пет кола, Комо е перфектен со пет победи, па затоа за победа на гостите квотата е зголемена на 1.82.

Од гостинските екипи како фаворити со зголемени коефициенти има само уште четири. Аталанта да победи кај Лече е со квота од 1.86, Лестер да слави во Шефилд против Јунајтед е 1.60, а над два квота има за победите на Мидлсборо и на Вилјареал против Свонси, односно против Жирона.

Од домашните клубови, Јувентус да слави над Џенова е со квота од 1.47, а Бриж да го победи Андерлехт е 1.54.

ПСЖ тргна во офанзива да ја „украде“ ѕвездата на Барселона, но доби неочекуван одговор од „Камп ноу“

Францускиот првак Пари Сен Жермен и официјално испрати понуда до Барселона за Френки де Јонг, а од каталонскиот гигант веднаш стигна одговор, кој нема многу да им се допадне на парижаните. Актуелниот европски првак е подготвен да даде 55 милиони евра за да го откупи договорот на Де Јонг, но Барселона не размислува да се откаже од холандскиот репрезенаттивец за сума помала од 70 милиони евра.

Освен што бара значително повисока сума од тоа што нуди ПСЖ, Барселона условува целата сума да биде исплатена веднаш, а не на рати како што вообичаено е пракса.

Де Јонг веќе неколку години важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Барселона. Главни квалитети му се техничката подготвеност, како и одличниот преглед на играта и креативноста што посебно се цени во денешниот фудбал.

Барселона веќе подолг период се соочува со финансиски проблеми, но очигледно дека не сака да се откаже од Де Јонг во скоро време затоа што условите кои ги постави на ПСЖ, според многумина се нереални.

Сите пет понуди во Квотите на денот имаат коефициент од 2.10

Да тргне понеделнички, петте меча кои се дел од традиционалната понуда во Sport Life се од Топ 5 лигите. Тоа што е карактеристично е дека на сите пет натпревари коефициентот што се нуди е 2.10, што значи дека ако сите пет меча се одиграат на еден тикет, вкупната квота која ќе ја добиете е 40.84.

Комо гостува кај Удинезе и тука е потребно гостиниот кој е во супер форма и има пет победи по ред во Серија А, сега да постигне меѓу два и четири погодоци.

Аталанта не треба да загуби на гостувањето кај Лече во дуел на кој тимот од Бергамо е потребно да постигне 2+ погодоци.

На дуелот меѓу Јувентус и Џенова по првото полувреме треба да водат домаќините или гостинот, а на крајот победата да биде за Старата дама.

Наполи и Милан играат во дербито на денот, а понудата е Наполи на полувреме да има предност или барем на крајот да победи.

Победник е потребно да има на дуелот меѓу Жирона и Вилјареал, а на крајот да бидат постигнати 3+ погодоци за на овој меч да биде добитна понудената квота од 2.10.