Дома Blog Страница 162

Херојот од Палермо, Алекс Трајковски, објави повлекување од репрезентацијата!

После 98 одиграни натпревари и 24 постигнати голови со кои е втор стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Александар Трајковски, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Неговиот гол антологиски гол во Палермо против Италија пред четири години, вечно ќе се памети и ќе предизвикува гордост и пријатно сеќавање кај секој Македонец.

„Денес стојам пред вас со срце полно емоции…Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓетo, соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.

Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите, вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.

Ова не е лесна одлука…Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство. Ви благодарам на сите за довербата, подршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон.

Со крената глава и полно срце… Се повлекувам..

Со почит…Александар Трајковски“.

Фудбалерите тргнаа кон Даблин (Фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација заминува во Ирска каде в вторник ќе го игра неважниот меч за крај на квалификациите за СП 2026.

Ова е дуел на двете репрезентации кои беа поразени во полуфиналните пресметки од Данска и Чешка, па дуелот во Даблин ќе биде формалност.

 

Напаѓач на Косово ќе биде наследникот на Левандовски во Барселона?

Барселона, по сè изгледа, го пронајде наследникот на Роберт Левандовски. Станува збор за напаѓачот на Хофенхајм и репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани.

Левандовски ги брои последните денови во Барселона. Легендарниот Полјак ги пакува куферите и по четири години заминува, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во САД.

Барселона одамна бара наследник, а новата „деветка“ на каталонскиот гигант најверојатно треба да биде Фисник Аслани.

Агентот на 23-годишниот фудбалер потврди преговори со Барса околу трансферот, а наскоро сè може да стане официјално.

Покрај Барселона, за Аслани има интерес и од други големи клубови како Челзи, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Тотенхем. Сепак, интересот на Барселона за него е нешто посебно.

„Мојот најголем сон е Барселона. Првиот дрес што го добив беше дрес на Барса и од тој момент сакам да играм за тој клуб. Растев гледајќи легенди како Суарез, Меси, Нејмар, Чави, Иниеста и Бускетс. Секогаш сум сонувал да играм таму, ништо не се сменило. Целта ми е еден ден да го облечам дресот на Барселона“, призна Аслани.

Оваа сезона, Фисник Аслани оствари девет голови и осум асистенции во 28 натпревари за Хофенхајм, чиј член е од 2020 година. Покрај тоа, беше на позајмици во Австрија Виена и во Елверсберг, а кариерата ја започна во младинските категории на Унион Берлин.

Аслани настапуваше за младинските селекции на Германија, но избра да настапува за А-тимот на Косово, каде што во 13 натпревари постигна четири голови.

Доколку трансферот се реализира, Барселона за него би требало да издвои околу 30 милиони евра, сума која е достапна за клубот.

ПСЖ сака да го задржи Бредли Баркола до 2030 година

Пари Сен Жермен сериозно работи на обезбедување на иднината на еден од своите најперспективни офанзивци, Бредли Баркола. По одличните настапи, особено во Лига на шампионите, управата на клубот реши да делува превреме за да го задржи младиот играч.

Крилниот фудбалер стана стандарден во тимот на Луис Енрике, а затоа раководството сака да му понуди нов долгорочен договор. Според француските медиуми, спортскиот директор на клубот, Луис Кампос, веќе работи на продолжување на соработката до 2030 година.

Овој потег има јасна цел, да се спречат понуди од европските клубски гиганти како Ливерпул и Баерн Минхен, кои внимателно го следат напредокот на Баркола од неговиот трансфер од Лион во 2023 година.

Сезонава, Баркола забележа 12 голови и шест асистенции во 38 натпревари, што ја нагласува неговата клучна улога во плановите на тренерот Луис Енрике.

Ачерби налето се сели кај Симоне Инзаги во Ал-Хилал

Франческо Ачерби е желба на Симоне Инзаги, кој сака да го доведе во Ал-Хилал од следната сезона, со оглед дека договорот на централниот дефанзивец со Интер истекува на крајот на оваа сезона. Ачерби со Инзаги работеше и претходните три сезони во Интер, како и пет сезони во Лацио.

Ачерби во кариерата настапуваше за Павија, Реџина, Џенова, Киево, Милан, Сасуоло, Лацио и Интер.

Оваа сезона во Серија А, Франческо Ачерби имаше само 14 настапи под водство на Кристијан Киву, а најчесто е на клупата за резерви. Во Лигата на шампионите, каде Интер испадна уште во осминафиналето од Бодо/Глимт со вкупен резултат 2-5, Ачерби одигра пет натпревари.

Првите трофеи во кариерата ги освои со Лацио, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. По преминот во Интер, Ачерби освои Куп на Италија, два Суперкупа на Италија и титула во Серија А во сезоната 2023/24.

Левандовски прави трансфер во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира нов моќен напаѓачки тандем со потенцијалното здружување на Душан Влаховиќ и Роберт Левандовски.

Според извори блиски до клубот, постои сериозна шанса двајцата врвни напаѓачи да заиграат заедно во Торино, создавајќи вистински спектакл за навивачите. Влаховиќ важи за еден од најперспективните голгетери во Европа, додека Левандовски со години е меѓу најдобрите стрелци во светот.

Овој тандем претходно го планираше Барселона, но, сепак, Влаховиќ никогаш не пристигна на „Камп Ноу“.

Доколку трансферот се оствари, Јувентус би добил значително засилен напад, способен да доминира не само во Италија, туку и на европската сцена.

Левандовски е на излезни врати од Барселона, неговиот договор истекува ова лето, а засега Јувентус е најсериозен кандидат за неговиот потпис. Полскиот ветеран има понуди и од МЛС лигата, но сепак Јувентус изгледа како попривлечна дестинација за сѐ уште амбициозниот полски голгетер.

Лео Меси и Мо Салах заедно во Интер Мајами? Сепак, не е вистина…

Интер Мајами нема планови да го доведе Мохамед Салах од Ливерпул, кој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

И покрај шпекулациите кои се појавија неодамна, тимот од МЛС лигата, каде што настапува Лионел Меси, не води преговори и не работи на трансферот на 33-годишниот Египќанец, потенцираа американските медиуми.

Претходно се шпекулираше дека Салах може да премине во саудискиот Ал-Итихад. Најновите најави се дека Египќанецот би можел да се врати во Серија А, со оглед дека за него е заинтересиран Интер. Тој во минатото го носеше дресот на Рома.

Беневенто и Алмерија се типовите на денот

3723 Беневенто – Козенца (12.30 часот)
Беневенто е фаворит на овој дуел, а покрај триумфот типуваме дека на мечот ќе има од два до пет гола.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.98)

1317 Еибар – Лас Палмас (14 часот)
Ова се екипи кои играат затворен фудбал, а мечот може да го реши и еден погодок. Наш тип е дека Еибар нема да загуби и дека ќе бидат постигнати најмногу два гола.
Предлог тип: 1X & 0-2 (1.93)

3684 Виченца – Унион Бреша (14.30 часот)
Виченца игра многу подобро на домашен терен, и оттаму се решивме да одиграме „кец“ на оваа пресметка.
Предлог тип: 1 (2.04)

3725 Кротоне – Черињола (14.30 часот)
Кротоне важи за умерен фаворит, а претпоставката е и дека нема да има голеада на овој дуел.
Предлог тип: 1 & 0-4 (1.91)

1320 Алмерија – Реал Сосиедад (Б) (21 часот)
Алмерија е поблиску до триумф, наш предлог е дека домаќинот ќе постигне и најмалку два гола на натпреварот.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.81)

ГРК Охрид на мегдан со Олимпијакос

Македонскиот претставник ГРК Охрид денеска (16 часот) во Атина го игра првиот натпревар од четврфиналето на Купот на ЕХФ против Олимпијакос. Овој дуел треба да даде одговор која екипа ќе биде поблиску до полуфиналето, со оглед дека реваншот се игра во Охрид на 4 април.

„Нѐ очекува тежок натпревар против Олимпијакос. Добро работевме изминатата седмица и подготвени сме за овој дуел. Ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме што е можно подобар резултат пред реваншот во Охрид“, изјави Џанфранко Прибетиќ.

Македонскиот тим наиде и на лош прием од Грците, со оглед дека официјалниот тренинг го одржа во затворен балон, наместо во салата каде што ќе се игра денешниот дуел. п
Пред мечот, Охрид се договори со Олимпијакос, на барање на ЕХФ да нема гостински навивачи. Првиот меч се игра денеска во Атина во салата „Илиуполи“ од 16:00 часот, додека реваншот е во СРЦ „Билјанини Извори“ на 4 април од 18:00 часот.

Фудбал, кошарка и тенис со зголемени коефициенти во Супер типот (Фото)

Денешниот Супер тип нуди разновидност. Натпревари од фудбал, кошарка и тенис имаат максимално зголемени коефициент меѓу „избраните 16“.

Понудата стартува со тениски меч во 12.30 часот, а потоа се приклучува и фудбалот. Попладнето е резервирано и за кошаркарски дуели.

Максимално се зголемени коефициентите на Јужен Судан, Лазаро Гарсија, Леирија, Лесото, Басконија, АЛБА Берлин, Валенсија, Монако, Барселона, Алмерија, Хуракан…