18.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9867

Џени Алм ја нокаутира Србија на три секунди до крај

Џени Алм го постигна петтиот гол за Шведска во вистинско време на три секунди до крајот, а најефикасната ракометарка кај женската селекција на „Трите круни“ донесе драматична победа против Србија во меч на ЕП во Франција.
Швеѓанките славеа со 22:21 во второто коло од фазата по групи и сега имаат ист учинок како и Србинките, по една победа и пораз.

Данска е лидер со максимален учинок по триумфот над Полска со 28:21.

Во меч од групата Б и во нова драма, овојпат во Нанси, Русија ја победи Црна Гора со 24:23. Самокина со 7 голови беше најефикасна кај Русинките, а Манагарова имаше еден прецизен удар помалку.

Јауковиќ кај Црна Гора постигна 12 фантастични погодоци, но не можеше сама да им се спротивстави на Русинките, кои имаат максимален учинок по две кола. Франција ја победи Словенија со 30:21 и е на втората позиција со Црна Гора со по два бода. Словенија е последна без бодови.

Горко Бордо за Пари Сен Жермен, запрена е серијата од 14 победи на „светците“

Килијан Мбапе и Нејмар повторно погодија за Пари Сен Жермен, вечерва против Бордо, но тимот од Париз е сопрен од „жирондинците“ со реми 2-2.

Џими Бријан и Андреас Корнелиус возвратија со по еден погодок за Бордо, екипа која е прва во 15 кола во француското првенство што е непоразена во меч против ПСЖ.

Популарните „светци“ се рекордери во топ 5 лигите со 14 победи во низа на старт од една сезона, но вечерва серијата им е сопрена. Што е уште полошо за нив, повторно се повреди Нејмар, па Бразилецот го напушти теренот во второто полувреме.

ПСЖ и покрај првото реми во шампионатот, по 15 рунди е убедливо прв со 43 бодови, дури 14 повеќе од второпласираниот Монпелје. Бордо со 18 бодови е на 11-тата позиција.

Реми на Алавес и Севилја за мерак на Барселона

Алавес и Севилја ремизираа со по еден гол во двете мрежи во претпоследниот меч од шпанското првенство, а резултатот од 1-1 и исходот целосно ѝ одговараат на Барселона.

Каталонците останаа на врвот на табелата со 28 бодови, а Севилја со 27 е зад нив, но вечерва не успеа да победи во Баскија и да се врати како лидер по 14 одиграни натпревари.

Џони по асистенцијата на Џонатан Каљери погоди за Алавес во 37-мата минута, но речиси со идентичен гол Севилја израмни на 1-1 во 78-мата минута.

Пабло Сарабија со одличен центаршут го погоди Висам Бен Једер, а најдобриот стрелец на гостите беше прецизен и Севилја избегна пораз. Им требаше победа за да се вратат на врвот на табелата, но и на седмото гостување во Виторија не најдоа победнички рецепт.

Алавес остана на четвртата позиција со 24 бодови и е едно од најпријатните изненадувања во Ла Лига сезонава.

(Видео) ВАР-от се смрзна, па се одмрзна на „Олимпико“, еврогол на Ундер и реми на Рома и Интер (2-2)

Рома и Интер ремизираа 2-2 во дербито на 14-тото коло во Рим, а мечот, како што се очекуваше, донесе многу возбудувања и еден неочекуван момент.

Интер на двапати водеше со головите на Кејта и на Икарди, но Рома стигна до еден бод по прецизните удари на Ундер и на Коларов од пенал.

Рома беше оштетена за чист пенал непосредно пред водечкиот гол на Интер, а причина беше откажувањето на системот за репетиција на спорните моменти.

Судијата Џанлука Роки замина да го погледне спорниот момент на системот ВАР, но технологијата не функционираше. Фаулот што го направи Д`Амброзио над Заниоло беше очигледен, но Роки не досуди пенал за домаќинот.

https://twitter.com/marco__lecce/status/1069323120094445569

Потоа повторно имаше спорен момент, овојпат ВАР-от проработи на „Олмипико“ и Рома израмни од белата точка на 2-2, откако Роки го прегледуваше спорниот момент во 73-тата минута.

https://www.dailymotion.com/video/x6y8jfr

https://twitter.com/otcpod/status/1069335244879339521

Шпанија е 12-ти патник на Мундијалот во баскет, Хрватска е сè подалеку од Кина

Шпанија се намачи против Украина, но успеа да победи со 72:68 и да стане дванаесеттиот патник на Светското првенство во Кина, што ќе се игра следната година.

„Црвената фурија“, како и многу други селекции, ги играат квалификациите без главните кошаркарски ѕвезди, но успеаја да се пласираат на Мундијалот.

Против Украина ги предводеше Хаиме Фернандес со 17 поени, а по 12 постигнаа Саис и Коло. Кај Украинците, кои сега имаат минимални шанси на две кола до крајот, прв стрелец беше Вјачеслав Бобров со 21 поен.

Мали се шансите и Хрватска да патува за Кина по поразот вечерва од Литванија. Во Виљнус, Литванија со победа од 79:62 го потврди првото место во групата и драстично ги намали шансите на Хрватите да им се приклучат на СП.

Во истата група Полска ја победи Италија со 94:78 и си ги продолжи надежите за пат во Кина. Првопласираните три селекции од сите четири групи ќе играат на СП.

Резултати од денешните натпревари и табели:

Група И: Шпанија – Украина 72:68, Црна Гора – Турција 71:66, Словенија – Летонија 77:82.

Шпанија 18, Турција 17, Црна Гора и Летонија по 16, Украина 15, Словенија 12.

Група Ј: Литванија – Хрватска 79:62, Унгарија – Холандија 91:86 (по продолженија), Полска – Италија 94:78.

Литванија 19, Италија 17, Полска 16, Унгарија 15, Хрватска 14, Холандија 13.

Покрај Шпанија и Литванија, во европските квалификации досега пласман на СП обезбедија и Франција, Чешка, Грција и Германија, а неизвесни се уште шест селекции што ќе им се приклучат.

 

Костадинов слави како Меси (Фото)

Тихомир Костадинов со гол во 78-мата минута стави печат на победата на Ружомберок против словачкиот шампион Спартак Трнава, а прославата беше во стилот на Лео Меси на дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Костадинов влезе во игра во 70-тата минута и само 8 минути подоцна беше прецизен за убедливи 3-0.

Ружомберок го декласира шампионот со 3-1, а нашиот младински репрезентативец го постигна четвртиот погодок за својот тим сезонава и е трет стрелец на Ружомберок.

Веспрем го закова шампионот на дното

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков одигра одличен меч за Веспрем против европскиот првак Монпелје и со 4 гола помогна да биде декласиран францускиот тим.

Веспрем победи со 25:19 и е веднаш зад Вардар во групата А со 12 бодови, колку што имаат и Кјелце и Рајн-Некар.

Унгарскиот тим најави победа уште од почеток, постојано водеше, најмногу со разлика од шест гола во првиот дел, што го доби со 15:11.

Во продолжението мечот се одвиваш со сличен тек, па Унгарците рутински победија. И го заковаа актуелниот европски првак на дното на табелата во групата А само со 3 бода на четири кола до крајот на натпреварите во фазата по групи.

 

 

Деби гол за Алења, победа за Барселона

Тинејџерот Карлес Алења ќе го памети мечот против Вилјареал откако го постигна првиот гол за Барселона во третиот настап за шпанскиот гигант.

Фаворитот славеше со 2-0 и повторно е лидер на табелата во Ла Лига со 28 бодови, пред Севилја со 26, но тимот од Андалузија може да се врати на врвот ако вечерва го победи Алавес.

Жерар Пике на асистенција на Дембеле ѝ донес предност на Барселона во 36-тата минута, а потоа Меси му асистираше на Алења за деби-гол и победа на Каталонците од 2-0.

Вилјареал остана во долниот дел на табелата и со 14 бодови се наоѓа на една позиција над зоната за испаѓање.

 

Ди Карло се врати, Киево не знае за пораз против фаворитите

Киево го изненади Лацио со реми 1:1, а Доменико Ди Карло има успешен кам-бек на клупата на фенерџијата во Серија А.

По нерешениот резултат без голови против Наполи во минатото коло од Калчото, Киево и вечерва успеа да освои еден бод против уште еден голем фаворит, Лацио.

Домаќините дури и водеа со голот на ветеранот Серџо Пелисие, но израмни Чиро Имобиле и спречи комплетна сензација.

Доменико Ди Карло ги имаше најголемите успеси како тренер на Киево, пред две кола се врати и го замени Џампјеро Вентура и најавува дека нема да се предаде.

Киево имаше многу проблеми на почетокот на сезонава, италијанската федерација го казни со одземање на три бода, а и сега по 14 рунди тимот од Верона е далеку од безбедната зона. Имаат само два бода и се уште се без победа и прв кандидат за испаѓање.