Шпанија е 12-ти патник на Мундијалот во баскет, Хрватска е сè подалеку од Кина

Шпанија се намачи против Украина, но успеа да победи со 72:68 и да стане дванаесеттиот патник на Светското првенство во Кина, што ќе се игра следната година.

„Црвената фурија“, како и многу други селекции, ги играат квалификациите без главните кошаркарски ѕвезди, но успеаја да се пласираат на Мундијалот.

Против Украина ги предводеше Хаиме Фернандес со 17 поени, а по 12 постигнаа Саис и Коло. Кај Украинците, кои сега имаат минимални шанси на две кола до крајот, прв стрелец беше Вјачеслав Бобров со 21 поен.

Мали се шансите и Хрватска да патува за Кина по поразот вечерва од Литванија. Во Виљнус, Литванија со победа од 79:62 го потврди првото место во групата и драстично ги намали шансите на Хрватите да им се приклучат на СП.

Во истата група Полска ја победи Италија со 94:78 и си ги продолжи надежите за пат во Кина. Првопласираните три селекции од сите четири групи ќе играат на СП.

Резултати од денешните натпревари и табели:

Група И: Шпанија – Украина 72:68, Црна Гора – Турција 71:66, Словенија – Летонија 77:82.

Шпанија 18, Турција 17, Црна Гора и Летонија по 16, Украина 15, Словенија 12.

Група Ј: Литванија – Хрватска 79:62, Унгарија – Холандија 91:86 (по продолженија), Полска – Италија 94:78.

Литванија 19, Италија 17, Полска 16, Унгарија 15, Хрватска 14, Холандија 13.

Покрај Шпанија и Литванија, во европските квалификации досега пласман на СП обезбедија и Франција, Чешка, Грција и Германија, а неизвесни се уште шест селекции што ќе им се приклучат.

 

- Оглас -

Најнови вести