18.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9869

Робен потврди: Ова е мојата последна сезона во дресот на Баерн

Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен, потврди дека ова е неговата последна сезона во дресот на актуелниот германски првак. Холаѓанецот ја игра десеттата сезона во редовите на Баерн, неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни 2019 година, па двете страни се согласија дека нема да има продолжување на истиот.

Робен несомнено е еден од најдобрите фудбалери кои го носеле дресот на Баерн. Во 10 сезони, триесет и четиригодишниот крилен играч освои 19 трофеи со германскиот клуб, настапи на повеќе од 300 натпревари на кои запиша 134 погодоци и 101 асистенции.

Навивачите на Баерн најмногу ќе го паметат по круцијалниот гол за 2-1 во самиот финиш на мечот против Борусија Дортмунд во финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, по кој Баерн по петти пат го подигна европскиот пехар.

Даер израмни и ги испровоцира навивачите на Арсенал (видео)

Тотенхем со голот на Даер во 30-тата минута израмни на 1-1 во градското дерби против Арсенал. Англичанецот истрча да го прослави голот пред навивачите на „топчиите“, па со гестикулација да заќутат предизвика тензии на „Емирати“.

Ниту фудбалерите на Арсенал не го толерираа неговото однесување, па веднаш истрчаа да се пресметаат со него, по што настана огромна мешаница во непосредна близина на трибините.

Набрзо потоа Кејн од пенал го постигна вториот гол за Тотенхем, па „петлите“ на паузата заминаа со предност од 2-1.

https://www.youtube.com/watch?v=dTuBQdgClZM

Идеалниот тим според Златан (фото)

Златан Ибрахимовиќ периодов интензивно се занимава со промоција на својата нова книга „Јас сум фудбал“. Во автобиографското дело на Ибрахимовиќ има една страница на која самиот Златан го креирал иделаниот тим со фудбалери кои делел соблекувална.

Составот е полн со великани, а вистински луксуз е што го оставил Андрес Иниеста на клупа. „Ибракадабра“ се одлучи за формација 4-4-3, а секако токму тој го предводи нападот.

На голот е Џиџи Буфон, додека дефанзивната линија ја сочинуваат Лилијам Турам, Тијаго Силва, Алесандро Неста и Максвел.

Патрис Виера, Чави и Павел Недвед командуваат со средината на теренот, додека во нападот се Лео Меси, Роналдињо и секако, Ибрахимовиќ.

Според фотографијата која ја објави на „Инстаграм“, Златан прво го ставил Давид Де Хеа како резервен голман, но потоа го заменил со Жулио Цезар, а таму се уште Фабио Канаваро, Андрес Иниеста, Џенаро Гатузо и Кларенс Седорф.

 

Историски ден за Педро и Челзи во Премиер лигата

Челзи рутинирано го совлада Фулам на „Стемфорд бриџ“ со 2-0, а првиот од двата погодоци беше историски за „сините“ од Лондон. Педро ја отвори средбата по само четири минути игра, а неговиот гол беше вкупно 1,000-ти на Челзи пред свои навивачи во Премиер лигата.

Шесткратниот англиски првак е само третиот клуб во историјата кој успеал да постигне четирицифрен број на погодоци на домашен терен. Пред нив се Манчестер јунајтед со 1079 погодоци и Арсенал со 1029 гола.

Вардар со бод од Струмица, Шкендија сигурна против Ренова

Академија Пандев и Вардар одиграа без голови, во дербито на 18. коло во Прва македонска фудбалска лига. Академија Пандев уште еднаш покажа зошто е тимот со најмногу освоени бодови на свој терен сезонава и не му дозволи на Вардар да стигне до триумф.

На крајот, најмногу од ремито во Струмица доби Шкендија. Лидерот без проблеми со 3:0 ја победи Ренова и сега избега на пет бода пред Вардар, а има дури 10 повеќе од третопласираната Академија Пандев. Нафиу го отвори резултатот во 23 минута, а во второто полувреме за тетовци погодија Бојку во 67 и Имери во 89 минута за нови три бода за шампионот.

Со три бода од гости се врати и Македонија Ѓорче Петров која со 2:0 ја победи Победа. Кировски и Да Силва погодија уште во првото полувреме за вредни три бода. Шкупи со истиот резултат го победи Работнички, а на Силекс му беше доволен еден гол за три бода против Беласица.

Резултати: Академија Пандев – Вардар 0:0, Победа – Македонија ЃП 0:2, Работнички – Шкупи 0:2, Ренова – Шкендија 0:3, Силекс – Брегалница 1:0.

Табела: Шкендија 40 бодови, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија ЃП 21, Ренова 21, Силекс 18, Победа 17, Беласица 17.

 

Челзи погоди еднаш на стартот и еднаш пред крајот за победа над Фулам

По поразот од Тотенхем во претходното коло, Челзи веднаш се врати на победите. На „Стемфорд Бриџ“, домаќините со 2:0 го победија Фулам. Фаворитот погоди по само четири минути игра, кога мрежата на гостите ја затресе Педро. Долго време стоеше 1:0 на семафорот.

Сите дилеми дека нема да има изненадување на овој меч ги реши Лофтус-Чик. Играчот кој влезе во игра во второто полувреме, погоди за 2:0 во 82 минута. Од тренерски аспект Маурисио Сари го доби дуелот со својот учител Клаудио Раниери.

Челзи сега има 31 бод, додека Фулам остана на дното на табелата со само осум бода. До крајот на колото во Премиер лигата, следи дербито на северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем, како и градскиот дуел меѓу Ливерпул и Евертон.

 

Милан со помош на ВАР системот ја победи Парма

Милан стигна до нова победа на својот „Сан Сиро“, откако со 2:1 беше подобар од Парма, во меч од 14. коло во Серија А. „Росонерите“ со пресрт ги освоија трите бода, а сите погодоци беа постигнати во вториот дел. Парма поведе во 50 минута, но само пет минути подоцна Кутроне израмни на 1:1. Судијата гледаше повторена снимка за да се увери дека погодокот на Кутроне е регуларен.

Во 71 минута, повторно судијата мораше да прегледува снимка и да се послужи со ВАР системот. По една нафрлена топка во шеснаесетникот на гостите, топката удри во раката на еден од играчите на Парма. Иако ниту еден од фудбалерите на Милан не реагираше, арбитарот ја сопре играта и по прегледувањето на снимката, покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Кеси и „росонерите“ стигнаа до победа.

Со овие три бода, Милан се искачи на четвртото место на табелата со 25 бодови, два повеќе од Лацио кој вечерва гостува кај Киево.

Пике ќе си купи клуб од Сегунда дивисион

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се споменува како можен купувач на клубот Реус Депортиво, кој се натпреварува во втората шпанска лига. Неодамна Пике најави дека планира да инвестира пари во фудбалот, а со ова се потврдува дека неговите најави биле сериозни.

Реус Депортиво е во финансиска криза. Клубот има долгови и потребно е да плати пет милиони евра за да избегне административно исфрлање од Сегунда дивисион. Челниците на Реус најавија дека ја разгледуваат опцијата за продавање на клубот, а Пике е еден од можните купувачи.

Еве каков е билансот на Македонија со сите противници за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација доби неатрактивна, но интересна група во квалификациите за пласман на завршницата на Европското првенство во 2020 година. Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија се ривалите против кои ќе играме од март до ноември следната година.

Игрите на Македонија во последните година и пол ветува дека може да се надеваме на чудо и атак на едно од првите две места. Во групата нема ривал од самиот европски врв, па тоа треба да биде уште еден мотив повеќе за селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници. Ангеловски верува во своите избраници, а тоа го потврди и со изјавата дадена веднаш по ждрепката во Даблин. ТУКА прочитајте што изјави Ангеловски.

Австрија е единствениот ривал против кој досега никогаш не сме играле. Носителот на групата, Полска бил наш противник три пати. Македонија претрпела два порази, а еднаш ремизирала и има гол разлика од два дадени и осум примени гола.

Против Израел сме играле пат пати и билансот е негативен со четири порази и само една победа. Тие беа наши ривал во квалификациите за СП 2018, па добро го знаеме нивниот квалитет. Токму на последната средба, Македонија победи и тоа на гости со 1:0, а во Скопје несреќно загуби, промашувајќи пенал во последната минута. Гол разликата е 5:8

Словенија е селекцијата против која Македонија го одигра првиот официјален меч и победи со 4:1, пред 25 години. Со овој противник имаме вкупно четири дуели и позитивен биланс од три победи и еден пораз со позитивна гол разлика од 9:4. Летонија е селекцијата која треба да е аутсајдер во групата. Против нив имаме играно еднаш и победивме со 2:1.

Македонија досега никогаш не играла на завршница на големо натпреварување, но секако дека ова е голема шанса да се направи историски подвиг.

Ангеловски: Македонија не се плаши од никого

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски беше во Даблин каде на лице место ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротистави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, е првата реакција на селекторот Ангеловски директно од Даблин.